8 Овошни нутриенти за хидратација на телото

Дехидратацијата во лето може да доведе до многу проблеми, а загубата на калиум може да биде опасна.
Затоа, треба да знаете кои се овошните плодови на кои можете да им се доверите, за вашето тело да биде хидрирано и здраво.
ЛУБЕНИЦА
Лубеницата е најдоброто овошје, за да го одржувате вашето тело хидрирано во лето.
Таа содржи многу вода и со тоа можете да ги надоместите загубите на течности во телото.
Ова овошје не содржи многу калории, затоа и луѓето кои се на диета можат да уживаат во него.
Лубениците се богати со витамин А и Ц, кои се потребни за здрави кожа, коски и срце.
ЈАГОДИ, МАЛИНИ, БОРОВИНКИ, КАПИНИ
Консумирајте ги овие плодови колку што можете почесто.
Растителните влакна и витамините кои ги има во овие овошја, ќе ви ја дадат потребната енергија.
Исто така можат да ви помогнат во борбата со вишокот килограми. Идеални се како ужина, помеѓу оброците.
КАЈСИИ
Кајсиите се моќно овошје кога станува збор за вашата кожа и тело, поради тоа што содржат многу антиоксиданси и витамини.
Овие плодови можат да го надоместат загубениот калциум, а се богати и со растителни влакна, бета каротен и витамин Ц.
Вклучете ги кајсиите во вашето секојдневно мени и нема да имате проблеми со главоболка и вртоглавица.
СЛИВИ
Сливите се лесно достапно овошје. Богати се со витамин Ц и содржат антиоксиданси, кои го заштитуваат телото од штетното дејство на слободните радикали.
Сливите можат да помогнат во заштитата од срцеви заболувања, рак и други болести.
МАНГО
Мангото е идеален извор на растителни влакна и витамин Ц.
Мангото содржи два пати повеќе витамин А, од препорачаните дневни потреби. Направете си салата и уживајте.