9 знаци со кои тој открива дека сте му секси

Одговорот на прашањето дали му се допаѓате ќе го дознаете со помош на говорот на неговото тело.
Можеби не сте знаеле, но мажите се „програмирани“ со мали знаци да ви дадат до знаење дека им се допаѓате.
Жените со 52 различни сигнала на говор на телото им покажуваат на мажите дека им се допаѓаат, додека мажите имаат на располагање само десетина.
Овој податок ни зборува дека мажите се многу поедноставни во заведувањето, додека пак дамите се природно надарени за дешифрирање на говорот на нивното тело.
ПОДИГНАТИ ВЕЃИ
Кога мажите ќе здогледат некој интересен, веѓите несвесно им се подигнуваат и се спуштаат. Тоа мало, речиси незабележително движење открива многу.
Значи, доколку му се допаѓате, неговите веѓи ќе се подигнат во времетраење од неколку секунди.
Со подигнување на веѓите, очите изгледаат покрупни, а одразот на светлината ги прави посјајни, посветли и попривлечни.
ОТВОРЕНА УСТА
Ако му се допаѓа тоа што го гледа, неговите усни автоматски ќе се отворат во моментот кога ќе ви се сретнат погледите.
РАШИРЕНИ НОСНИЦИ
Ова е уште еден знак што вели „ми се допаѓаш“.
ПРИВЛЕКУВАЊЕ ВНИМАНИЕ
Тој на кој било начин ќе се обиде да ви го привлече вниманието.
Ако е со помирен карактер, вниманието ќе се обиде да ви го привлече со поправање на вратоврската, додека некои ќе бидат подготвени да глумат кловнови.
ИСПРАВЕНО ДРЖЕЊЕ
За да се покаже пред вас во што подобро светло, мажот ќе стои исправено за да ги истакне своите мускули.
Исто така, ќе стои право пред вас, благо наведнат кон напред.
КРСТОСУВАЊЕ
Со поглед ќе ве измери од глава до петици задржувајќи се на најинтересните делови.
На тој начин тој ќе ви дозволи да забележите дека ве гледа за да ви покаже дека она што го гледа навистина му се допаѓа.
РАЦЕТЕ НА КОЛКОВИ
Во оваа поза мажот изгледа самоуверено, а држењето на рацете на колковите ја истакнува неговата физичка големина.
Со несвесни движења луѓето се склони да ги истакнат своите најпривлечни делови на телото.
ВИ ЈА СТАВА РАКАТА НА ЛАКТОТ ИЛИ НА ГРБОТ
Ова движење не е само поради добрите манири и или пристоен начин за да ви објасни нешто, туку и порака „не сакам да те изгубам“.
ВИ ЈА ПОЗАЈМУВА ЈАКНАТА
Позајмувањето јакна или капут е секси, но и по малку заштитнички гест.
Со тоа ви порачува „она што е мое е и твое“, а му се допаѓа и вашиот мирис што останува на вашата облека.