“Brazil Butt Lift” програма на Леандро Карваљо: Како да добиете задник како на бразилски топ модел?

Кога ќе помислите на Бразил, многумина имаат две асоцијации: бразилскиот фудбал и бразилските убавици.
Подоцна, во европски размери, егзотичен изглед се карактеризира со една пожелна физичка карактеристика: голем, тркалезен и цврст задник.
Ретки се дамите кои не би сакале да имаат таков задник. Во исто време, ретки се и мажите кои не ќе забележат девојка со ваква позадина.
Поради популарноста на бразилската форма на задник, во BeachBody осмислија програма за вежбање наречена “Brazil Butt Lift”.
“Со оваа програма за тренинг за само 60 дена ќе постигнете значителен напредок во формата, цврстината и подигнување на задникот, затоа не постои причина да бразилските супермодели ги гледате со завист. Сега ваков задник може да имате и вие! ”
“Првично, овој тренинг бил наменет за бразилскиот супермодел Алесандра Амбросио и со ова всушност е откриена тајната за нејзиниот заводлив задник.
Добро, вие не мора да бидете супермодел, ниту треба да изгладнувате за да направите задник за каков сте сонувале ” вели Карваљо.
Програмата е дизајнирана од страна на Леандро Карваљо, тренер на познатите супермодели, кој во оваа програма ја дизајнирал комбинирајќи бразилски танцови, кардио тренинг и карактеристичните движења и вежби за зајакнување на долниот дел од телото.
Неговата потврдена ” Три-димензионална метода на тренинг” влијае на мускулите на задникот од сите правци: подигање на мускулите на задникот, ги намалува колковите и бутовите и помага во решавање на несаканите тврдокорни масти во проблематичните области.
Што содржи програмата Brazil Butt Lift?
Програмата се состои од шест различни тренинзи во кои се комбинација на кардио тренингот со тренинг за зајакнување на нозете и задникот:
Booty Basics –Во воведниот дел на тренингот Леандро со учесниците ја следи својата “метода на три-димензионалниот тренинг ” со образложение за тренингот, совети за правилна изведба на вежбите и како тренингот да се направи најдобро за најдобри резултати.
Burn Burn –Тренинг во кој се комбинира високо интензивен кардио тренинг кој го поттикнува топењето на масното ткиво и вежби за зајакнување на долниот дел од телото. Трае 35 минути.
High & Tight –Во овај тренинг фокусот е насочен кон несаканите тврдокорни наталожени масти во проблематичните области: колковите, задникот и препоните. Леонардо го користи неговото “тајно оружје” – гумена лента со отпор и зглобни тегови за да го подигнете “задникот на досега невидена височина.” Трае 35 минути.
Sculpt –Тренинг на целото тело, кој има за цел зајакнување на целото тело, но со фокус на мускулите на задникот. Целта на овој тренинг, кој трае 50 минути е да се постигне мускулно и цврсто тело, но не со премногу нагласени мускули.
Cardio Axe –Тренинг кој трае 30 минути комбинација на танц и кардио тренинг, учесниците работат на топењето на масти и вишокот килограми, уживајќи во движење што им даваа екстра секси чувство.
Tummy Tuck –Леандров краток тренинг 20 минутен во кој вежбите се фокусирани на добивање на рамни и секси стомачни мускули.