HIIT тренинг

Од ден во ден има се повеќе и повеќе докази кои укажуваат на тоа дека “старите добри” кардио вежби не се скоро ни блиску толку ефективни како нивната напредна верзија – се повеќе популарни HIIT вежби.
Станува збор за тренинзи со висок интензитет, кои ги комбинираат кардио и вежбите за издржливост кои се изведуваат во кратки временски интервали, а меѓу сериите се многу кратки периоди за закрепнување и намалување на притисокот пред следната серијата на активности.
Ефектите од овој вид на вежбање во комбинација со вежби со тегови, резултираат со цела листа на бенефиции и подолу ќе ви ги откриеме седумте најважни.
1. Зголемување на ефикасноста
HIIT тренинзите како комбинација на аеробни и анаеробни вежби ја зголемуваат потребата за кислород но во исто време влијаат на градење на мускулите.
Заклучно со овој вид на вежбање ја зголемуваат издржливоста и истовремено делуваат на зајакнување на телото.
Истражувањата јасно покажуваат дека 27 минути на HIIT тренинг во текот на неделата, го има истиот ефект како и 60 минути на кардио вежба, што е дупло поефикасен.
2. Повеќе согорени калории – поголема загуба на масни наслаги
Тренинг со висок интензитет бараат поголеми количества кислород во телото а што повеќе го има во телото, поефикасно и појако се изведува самиот процес на топење на масните наслаги.
Покрај тоа зголемената потреба за кислород и после тренингот е директно поврзана со топење на калории и после тренинг, па станува јасно зошто е со HIIT вежбањето сосема можно да се потрошат многу повеќе калории отколку при извршување на обичните кардио вежби.
3. Драстичното зголемување на лачењето на хормонот на раст
Тренинзите во интервали со висок интензитет, природно го подобруваат на производството на хормонот на раст, што е основа за целокупното здравје, сила, чувствителност на инсулин, ефикасно губење на масти и зголемување на растот на мускулите.
Сите што биле на диета, на себе можеле да почувствуваат дека речиси е невозможно да се задржи целата големина на мускулите, а истовремено да се стопат мастните наслаги за време на фазата за намален внес на калории.
Во оваа фаза е од суштинско значење за лачење на хормонот на раст, а истражувачите заклучија дека 24 часа по изведувањето на HIIT тренинг, лачењето на погоре споменатиот хормон е зголемено за 450 проценти!
4. Забрзување на метаболизмот
Како брзината на метаболизам директно влијае на целосното здравје на телото, а меѓу другото и на самата количина на масни наслаги, потребно е да се користи секоја можност која се нуди и со што е можно да се забрза метаболизмот.
Научните истражувања покажуваат дека до 48 часа по тренингот HIIT метаболизам работи убрзано.
5. Зголемена издржливост
Повеќето луѓе не го притискаат своето тело до анаеробната зона, познато чувство кога не можете да се дојде до здив и кога срцето скоро скока од градите, што е многу добро за срцето.
Во една студија од 2006 година е утврдено дека вршење на HIIT тренинг за осум недели, им овозможува на луѓето да го дуплираат времето кое тие го користеа за возење на велосипед пред да го вклучат HIIT тренингот.
Најдобро од се е дека оваа вежба од почеток до крај трае околу 20 минути.
6. Голема прилагодливост
Трчање, возење велосипед, скокање, веслање, бројни вежби со сопствена тежина, тие се сите елементи од кои може да се направи квалитетен HIIT.
За повеќето од нив не е потребна никакви опрема, само воља и простор.
Покрај тоа не треба да заборавиме дека претерување и во овој случај може да предизвика контра-ефект, па и пократкото траење на тренинг обично е клучот за успехот.
7. Рушење на менталните бариери
Туркање на телото и мозокот надвор од зоната на комфорот, гарант е развој на ментална издржливост која ги надминува предизвиците во секојдневниот живот.
Тренинзите со висок интензитет се навистина предизвик и се многу тешки, но чувството по исполнувањето на целиот план за тренинг е специфично и директно ја зголемува самодовербата која подоцна се одбележува во сите други животни ситуации.