Kоја диета да ја изберете?

Секој вид на диета ќе биде ефикасна ако внесувате помалку храна отколку што тоа вообичаено го правите, без оглед на тоа дали се работи за протеинска диета, диета со зеленчук или диета со јаглени хидрати.
Посакувате што побрзо да се ослободите од вишокот на килограми, бидејќи тенката летна облека ќе открие сè што не би требало да се гледа?
Но, која диета да ја изберете?
Нека тоа биде онаа диета која подразбира да јадете помалку од вообичаено, а во тоа се состои целата тајна на брзото и ефикасно слабеење, тврдат американските научници кои испробаа голем број на специјални режими на исхрана во потрага по онаа која е најефикасна.
После детална анализа на четири најпопуларни типови на диети: месна, базирана на зеленчук, на јаглени хидрати и протеински, утврдено е дека всушност нема никаква разлика меѓу овие, туку најважно е да внесувате помало количество на храна.
Во истражувањето учествувале случајно избрани личности кои имале одреден вишок на килограми, а секој испитаник имал за задача да се придржува кон една диета.
Во дневник сите од испитаниците запишувале што внесуваат во текот на денот, а контролата на тежината е направена после шест месеци.
После две години се укажало на тоа дека најмногу ослабеле и ја задржале посакуваната тежина оние кои внесувале помалку калории без разлика од типот на диета која ја држеле.
Па така, едноставно ако јадете помалку отколку вообичаено, и ако редовно се движите и вежбате, килограмите „сами“ ќе се стопат.