MЕДИТЕРАНСКА ДИЕТА

Изборот на намирници на медитеранскиот начин е повеќе од диета. Тоа е секодневен стил на исхрана за цел живот.
Некогаш тоа беше начин на живот на многу луѓе од целиот Медитеран, особено во Шпанија, Италија и Грција.
Денес околностите се многу различни, но се уште постојат луѓе кои го претпочитаат најздравиот начин на исхрана на светот.
Ако сакате витко тело, здрав организам и долг живот, време е за промена на вашата исхрана и да се фокусирате на медитеранската кујна.
Медитеранската диета освен за одржување на телесната тежина исто така е најдобар начин за спречување на многу болести.
Овој начин на исхрана посебно е важен при превенција од срцев и мозочен удар, потоа од метаболичкиот синдром (премногу масти во пределот окулу струкот, висок крвен притисок и неизедначено ниво на холестерол и инсулин).
Исто така медитеранската кујна одлична е во превенција на болести на белите дробови, астма, алергија, Паркинсова и Алцхајмерова болест и за одржување на коскената маса кај старите особи.
Медитеранската диета се покажа како ефикасна во превенција при развој на различни видови на рак.
Што се подразбира поимот медитеранска диета?
Медитеранската кујна преферира многу маслиново масло, зголемен внес на овошје, зеленчук и мешунки, потоа употреба на нерафинирани јаглени хидрати (порции прилагодени според физичката активност), многу риба (барем три пати неделно).
Исто така се преферираат млекото и млечните производи, при што е потребно да се обрне внимание на уделот на млечни масти-не премногу.
На маса би требало да има три или четири јајца неделно. Потрошувачката на месо и заситени масти би требало да биде умерена.
Со медитеранската кујна обавезно одат една или две мали чаши вино дневно и тоа по можност црно вино.
Белото вино и пивото се алтернативен избор. Наместо грицки од блискиот маркет, јадете ореви.
Секако ако сакате да ја намалите вашата телесна тежина ќе мора да изберете намирници со малку калории, односно ако сакате да качите некој килограм плус тогаш бирајте ги намирниците и гледајте на нивната калориска вредност.
Луѓето на кои име медитеранската исхрана животен стил имаат 80 посто по квалитетен живот. Уз овој здрав начин на живот никако не е дозволено пушењето на цигари.
Повеќето следбеници на медитеранската диета не конзумираат цигари и имаат развиена свест за важноста на здравјето.
Кога ги одбирате намирниците во склад со оваа исхрана, многу е важно да избегнувате производи и преработки за кои се сомневате дека содржат транс-масти.
Треба да изберете производи со 0% транс масти. Сепак, мора да земете во предвид дека со 0% транс масти етикетата не е реална и дека производот во овој случај содржи до 0,49 грама по порција.
Ако ги употребувате овие намирници бидете сигурни дека тоа се мали количини, бидејќи транс-мастите се одговорни за зголемување на лошиот холестерол (ЛДЛ) и го намалуваат добриот холестерол (ХДЛ).
Медитеранската диета е многу важен културен елемент, потребно е да ја примените што е можно побрзо.
Одговорноста е на родителите – треба на децата да им створат навики за здрав начин на живот, и наместо грицки и пакувани производи, на децата за ужина да им дадат домашен сендвич или свежо овошје.
Развивањето на телото и мозокот кај малдите и задржување на малдоста кај старите особи.
Ете тоа е медитеранската диета.
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: “ПИЛЕШКО НА МЕДИТЕРАНСКИ НАЧИН”
Состојки:
– ким
– пимент (познат како јамајкански бибер)
– сол
– бибер
– лук во прав
– сецкан кромид
– пилешко месо
– маслиново масло
– кромид сечен на коцки
– сецкан лук
– вода
– ориз
– лимон
– бадеми
– суво грозје
Подготовка:
Комбинирај те ги кимот, пиментот, солта, биберот, лукот и сецканиот кромидот. Зачините можете да ги изберет и по ваша желба.
Дното на садот за печење премачкај те го со маслиново масло. Загреј те го маслото и потоа додадете ги лукот и кромидот и печете на ниска температура.
Смесава ставете ја од страна и доддадете го пилешкото месо. Сипете вода и покријте го сево ова и оставете го да се пече 15 минути.
На крај додадете го оризот на тој начин тој да биде под пилешкото месо.
Откако оризот ќе биде испечен, вашето медитеранско јадење е готово за сервирање, уз тоа треба да му додадете бадеми и суво грозје и по желба пилешкото посипете го со сок од лимон.