Мажи, пробајте го тренингот на славниот Роберт Дауни

„Avengers:Endgame“ е филм кој полека ги руши сите рекорид и веројатно наскоро ќе стане и филм кој најмногу заработува во филмската историја. Иако во овој филм се појавуваат огромен број на актери, Роберт Дауни Јуниор е најголема ѕвезда, бидејќи се започнало со него и филмот „Iron Man“ во кој тој глуми во 2008 година.

Иако глуми херој кој нема супер моќи и чија сила доаѓа од оделото кое го носи, Роберт секојдневно напорно тренира и се труди да изгледа што подобро и посилно. Овој актер има речиси 55 години и неговиот фантастичен изглед го добил со правилна исхрана и тренинг кој секојдневно го применува.

Дауни открива за своите фанови дека посетува теретана и дека ги прави сите вообичаени вежби , но за негово тело и дух е најзаслужна боречката вежтина Винг Чунг, која ја тренира и легендарниот Брус Ли. Дауни вели дека оваа боречка вештина опушта, и истовремено го усовршува неговото тело и дух и го смирува, па се труди секој ден по 2 часа да вежба Винг Чунг.

Погледнете го видеото во кое ќе видите како изгледа неговиот тренинг.

 

Проверете