Мртвото кревање стана вежба за натпревар,еве како да рушите рекорди

Мртво кревање е неизбежна вежба и е една од најпопуларните во теретаната. Оваа вежба е одлична за долниот дел од грбот и тоа е причината поради која голем број на мажи ја прават.

На почетокот сите лесно ја работат оваа вежба и не подигаат голема тежина, но тоа подоцна се менува. Како и кревање на бенч, мртвото кревање стана како еден вид на тест и повод за натпревар, па се трудат да ги соборат своите рекорди  и да кренат што поголема тежина од подот.

 

Поради тоа често се случува луѓето да се повредат, па затоа сигурносниот појас е нопходна опрема кога ја правите оваа вежба. Ако сакате да кренете голема тежина морате напорно да тренирате и да ги зајакнувате вашите мускули, но постои нешто што може да ви помогне, т.е полесно кревање на тежина.

 

За да успеете тегот правилно да го подигнете и да ја победите големата тежина, тогаш многу е важно да имате правилна техника, која ќе ви го овозможи тоа. Личностите кои работат неправилно често завршуваат со повреден грб, а некои дури и не можат да ја сработат оваа вежба.Поради тоа Ви го покажуваме следново видео на кое можете да видите како правилно се работи мртвото кревање.

 

Проверете