Откриваме: Дали лутата храна ни помага да ослабеме?

Многу се зборува како лутите намирници како лутите пиперки ги топат калориите, но дали тоа е точно?

Сигурно сте слушнале од многумина како лутата храна има доста корист за нашето тело и како нас ни помага да ги намалиме килограмите. Ние сакаме да видиме што ќе кажат нутриционистите и дали се сложуваат со овие изјави.

 

Тие тврдат дека во лутата храна, како што се лутите пиперки, се наоѓа соединение на капасицин. Капасицинот го забрзува метаболизмот го шири крвотокот и генерално доведува до брзо трошење на масти. Исто така капасиценот доведува до генеризирање на топлината на телото, што не тера нас да се потиме и на тој начин ги исфрламе токсините од телото и вишокот на масти.

 

Сепак, нутриционистите велат дека самото дејство на капасицинот не може да биде доволен да ви овозможи губење на килограмите. Количината на капасицинот кој го внесуваме со лутите пиперки е многу мала и може на телото да му овозможи смо олеснување при губење на килограми, па морате дополнително да се потрудите да ги изгубите килограмите. тоа значи дека тренингот и теретаната се неизбежни, како и умерена и добро избалансирана храна.

 

Нутриционистите исто така не препорачуваат да го зголемувате внесот на лутата храна за на тој начин да внесето повеќе капасицин, бидејќи така ќе го оштетите вашиот желудник и ќе си создадете уште проблеми со кои ќе морате да се соочите.

 

Лутата храна ќе ви помогне да го забрзате процесот на слабеење, но само ако тренирате и ако правилно се храните, без тоа ништо нема да има ефект на вашиот пивски стомак.

Проверете