Алкална диета каква што користат Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Викторија Бекам?

Секое тело има своја pH вредност, а тоа е ацидо-базната рамнотежа предуслов за здравјето. PH вредноста е мерка на алкалност, киселост на супстанцијата . Балансираниот pH е оној кој е најблиску до pH вредноста на крвта, обично, помеѓу 7,32 и 7,42.
На pH вредноста на телото влијаат голем број на фактори, начинот на исхрана, начин на живот и стресот. Според достапните податоци, алкалната храна, особено зеленчукот, значително недостига во исхраната на Европејците кои во последните 50 години потрошувачката на зеленчук ја имаат намалено за 2,5 пати. Во исто време, за киселата храна имаат многу месо, житарици и шеќер.
Во последниве години, токму врз основа на информациите во врска со важноста на киселинско-базната рамнотежа на телото е дизајнирана оваа диета односно алкална исхрана. Оваа диета се чини поволна за многу холивудски ѕвезди вклучувајќи ги и Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Викторија Бекам.
Иако првенствено е наменет како диета за лица со камења во бубрезите или инфекции на уринарниот тракт, беше развиен во начин на исхрана која се смета во постигнување на посакуваната форма и витка линија.
Иницијаторите за идејата на оваа диета тврдат дека модерната исхрана на организмот предизвикува состојба на киселост.
Нивната теорија е дека вишокот киселина во телото се претвора во маснотии, кој водат до таложење на вишокот килограми и дебелината. Ацидоза (состојба на киселост) е одговорна за појавата на голем број на болести вклучувајќи артритис, остеопороза, болести на бубрезите, црниот дроб, неправилна работа на јетрата, и хроничен замор.
Исто така, поборниците на ова диета укажуваат одредени комбинации на храна која се препорачува и на оние кои мудро ја избегнуваат.
Три главни јадења според препорака, се проследуваат :
Појадок: Овошје, Во порцијата не треба да се мешаат повеќе од 3 различни плодови, на пример, банана, јаболко и грозје. Се дозволува секој втор ден да се јаде овошје кое не е на листата алкални овошја. Во зимските месеци, свежото овошје може да се замени 1-2 парчиња суво овошје: смокви, урми, суво грозје, сливи.
Ручек: Зеленчук салата, од кој едниот зеленчук е варен зеленчук а другиот зеленчук содржи скроб. Избегнувај те домати.
Вечера: Голема салата од свеж зеленчук, два зеленчук без скроб и еден извор на протеини. Може да се јаде и малку посно сирење и ореви. Во овој оброк може да се јадат и домати.
Според правилата на диетата со алкална или кисела храна, како месо, пченица и други житарици, рафиниран шеќер, млечни производи, кофеинот, алкохолот и преработена храна треба да се замени со алкална која ја намалува киселоста на телото.
Ова значи воведување на исхрана со многу овошје и зеленчук, за да помогне во одржување на киселинско-базната рамнотежа на здрави нивоа.
Алкални намирници се :
Зеленчук: Брокула, цвекло, моркови, целер, краставица, зелка, кељ, зелена салата, кромид, грашок, пиперки, спанаќ.
Овошје: Јаболка, банани, јагоди, грозје, диња, лимон, портокал, праска, круша, лубеница.
Протеини: Бадеми, костени, тофу.
Зачини: Цимет, кари, ѓумбир, сол, сенф.
Забелешка: Тенденцијата на храна за да се формира киселина или алкална pH вредност во телото нема никаква врска со реалната pH вредноста на храната. Најдобар пример се агрумитеза кои веднаш ќе речеме дека се кисели и ќе не закиселат, а е обратно: лимонска киселина создава алкална pH вредност во нашето тело.
10 дополнителни инструкции до кои се придржуваат следбениците на алкалните диети:
1. Никогаш не јадате истовремено јаглехидрати и кисела храна – не треба да го комбинирате лебот, компири, грав, банани или други јаглени хидрати со лимон, портокал, грејпфрут, ананас, домати и други кисели плодови.
2. Никогаш во исто време не јадете концентрирани протеини и концентриран јаглени хидрати – ореви, месо, јајца, сирење и друга протеинска храна не треба да се меша со леб, житарици, домати, свежо овошје, колачи и слично.
3. Никогаш да не се јадат во исто време протеините и мастите – масло, павлака, путер и други масти не треба да се комбинираат со јајца, месо, млечни производи или јатчесто овошје.
4. Никогаш не јадете заедно овошје и протеини. Портокали, домати, лимон, ананас, итн, не треба да се комбинираат со месо или јајца, освен авокадо, сирење и ореви.
5. Никогаш не јадете во исто време шеќери и скроб – мармалад, џем, мед, сирупи и слични намзи со леб не треба да се комбинираат со житни култури.
6. Никогаш не се по оброкот не јадат повеќе од еден извор на скроб – поголема количина на скроб може да предизвика ферментација која е мудро да се избегнува.
7. Никогаш не се се комбинираат скроб и овошје – може да предизвикаат проблеми со варењето на храната како резултат на различните временски разложувања.
8. Дињата секогаш јадете ја сама – комбинација од диња со некоја друга храна значително го забавува варењето на храната.
9. Млеко секогаш пијте го посебно- поради дигестивните ензими млекото најдобро е да се избегнува, но ако мора секогаш да го пиете одделно од другите видови храна.
10. Конзумирајте повеке вода.
Како што е наведено, на алкалната диета има основ во медицински случаи кај пациенти со развој на камења во бубрезите и инфекции, бидејќи таа се регулира на киселоста на урината. Но, не постои научно тврдење дека оваа диета помага во губење на вишокот тежина. Губење на тежината на следбеници на оваа диета е во врска со исфрлање на шеќер, алкохол и обработена храна во замена за зголемена доза на овошје и зеленчук, а всушност овие се инструкциите кои се вклучени во сите стандардни совети за губење на тежината.
Во исто време, истражувачите истакнуваат дека храната има мал ефект на киселинско-базната рамнотежа, но се работи за вредностите кои го регулираат организмот, според голем број на фактори. Исфрлање цели категории на храна како што се млечните производи или житни култури може да предизвика значителни недостатоци на одредени витамини и минерали (како што се калциум од млекото), и потребно мудро да се смисли замена и додатоци во исхраната кои ќе ги заменат. Исто така, драстични промени во начинот на исхрана често бараат многу време за прилагодување но некои и се откажуваа.