Алкохолот во организмот се складира во облик на масти

Алкохолот директно влијае на клеточната мембрана, т.е. на клеточниот метаболизам. Телото преферира да го користи алкохолот како метаболичко гориво и на тој начин може да спречи користење на мастите како гориво.
Користењето на мастите како гориво всушност е цел на сите кои се на диета и сакаат да ја намалат количината на масното ткиво.
Бидејќи, алкохолот има 7 калории/гр. (покрај се останато што е во пијалокот), доста допринесува во бројот на “празните” калории кои телото ќе ги нахрани во облик на масти.
Поради тоа треба да се внимава да не се занемари внесот на квалитетни намирници богати со протеини кои се неопходни за оптимизација на резултатот од тренингот.
Очигледно е дека од бодибилдерско гледиште конзумацијата на алкохол е непотребна и штетна, особено во период кога се работи на дефиниција на телото.
Освен наведените ефекти, конзумацијата на алкохол предизвикува хормонални промени кои вклучуваат намалена количина на тестостерон, т.е. зголемено претворање на тестостеронот и останатите ароматизирачки андрогени во естроген.
Тоа резултира со зголемени естрогенски нивоа, кои пак го потпомагаат хранењето на мастите, гинекомастија и задржување на течностите.
Секако, треба да се напомене дека алкохолот, краткорочно гледано, делува како благ диуретик, но тој негов добар резултат далеку ги надминува долгорочните несакани ефекти.
Освен тоа, алкохолот лошо влијае и на имунолошкиот состав.
Алкохолот може да ги исцрпи резервите на некои важни минерали (калиум, калциум, магнезиум, фосфор), кои се важни за мускулната контракција, релаксација и раст.
Да не спомнуваме дека долгорочното користење на алкохол доведува до зависност (алкохолизам), нагли промени на расположението кои можат да доведат до проблеми со околината (од законски, до распад на врска и сл.), намалено либидо и импотенција, проблеми со црниот дроб и циркуларниот систем.
Од овој текст јасно може да се заклучи дека алкохолот не е намирница која спаѓа во исхраната на еден бодибилдер.
Бодибилдерите кои конзумираат препарати со јаки андрогени и анаболички својства ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да се оттргнат од алкохолот за време на циклусот, поради додатното оптеретување на црниот дроб и зголемената способност на ароматизација.
Од друга страна, во денешно време, во друштво конзумирањето на алкохол (често во неумерени количини), на жалост, потполно нормална појава.
Изборот е ваш- дали ќе пливате против струите или со неа?
Во овој случај подобро да се биде во малцинството, а горе наведените факти за алкохолот би ви помогнале да се одучите.