Алкохол – извор на непотребни калории

Колку алкохолни пијалоци носат непотребни калории најдобро покажуваат коктелите кои се мешавини од жестоки алкохолни пијалоци, вина, шампањи, овошни сокови, кола напитоци, лед и разни додатоци (зачини).
Не е во прашање само високата содржина на алкохол кој носи исто калории како свинското (7 ккал/грам) туку и присутните јагленихидрати од овошните сокови, кока колата итн.
Ако се земе во обзир дека љубителите на овие пијалоци пијат по неколку дневно, не е тешко да се заклучи колку непотребни калории, непотребно се таложат во организмот.
Пример е познатиот американски коктел- Лонг Ајленд Ајс Ти кој носи 750 ккал што значи исто колку еден одличен ручек.
Но, да бидеме фер: коктелите се заводливи пијалоци и многумина не можат да одолеат. Последица- зголемен стомак.
Најпопуларниот коктел во светот е секако маргаритата која исто така (повторувам) може да донесе преку 500 ккал непотребни калории дневно.
Вино и пиво
Кој алкохолен пијалок носи повеќе калории? Кој највеќе дебелее? Тоа се прашања кои постојано се наметнуваат, а овде нудиме и некои одговори:
Кригла пиво | 170 калории |
---|---|
Шише јако пиво (250 ml) | 200 калории |
Шише стандардно пиво | 170 калории |
Лименка пиво | 150 калории |
Лименка light пиво | 100 калории |
Чаша црно вино (125 ml) | 90 калории |
Мала чаша црно вино (50 ml) | 75 калории |
Мала чаша бело вино (50 ml) | 50 калории |
Чаша мартини | 200 калории |
Шампањ (125 ml) | 80 калории |
Чаша вино Порто (60 ml) | 95 калории |
Коњак, виски, водка (25 ml) | 55 калории |
Ликери (25 ml) | 60 калории |
Не треба да се биде премногу добар математичар за да се собере што тоа дневно значи неклоку шишиња (кригли) пиво или неколку чаши жесток пијалок.
Само две кригли пиво носат калории исто како од еден солиден појадок. А ако сте во друштво и во погоден разговор, тогаш се пие немајки претстава колку пиете.
Но, ако не внимавате, телото се собира, што и конечно се гледа по вашиот стомак (пивски стомак). Се што од алкохолот внесувате во телото се претвора во сало, а салото се таложи на стомакот кај машките и на бедрата кај жените.
Алкохолот од оијалоците брзо и лесно се апсорбира во организмот, предизвикувајќи благ диуретски перформанс.
Бидејќи, алкохолот е отров (така телото го регистрира) настои да се ослободи, што значи дека во црниот дроб го оксидира и претвора во вишок на енергија, а вишокот се ложи таму каде што е најблиску.
Многу користат изговор дека пијат поради друштво, меѓутоа, стои препораката- помалку пијте, повеќе зборувајте. Кај многумина е за жал обратно, објаснуваат научниците.