Артроза – болест на зглобовите

Во некои зглобовите, како што се колкот и колената, артрозата се влошува повеќе, зглобовите стануваат многу болни а функцијата и подвижноста се отежнати.
ЗАМОР- БОЛ- ВКОЧАНЕТОСТ- ДЕФОРМАЦИЈА
Субјективните симптоми и знаци на болеста ги немаат сите пациенти со ренгенски видливи знаци на артроза.
Знаците се видливи кај осмина од пациентите како што се замор, болка, вкочанетост и деформација односно задебелување и намалување на движењето, понекогаш излив вво зглобот и слабост на околните мускули.
Во почетокот се чувствува замор во зглобовите, прво при кратко а подоцна при долго оптоварување.
Болката е најчест знак на артроза и главна причина зошто пациентот посетува ревматолог.
Кај повеќето пациенти Во почетокот се опишува како досадна и подмолно и длабоко, ограничена на зафатениот зглоб а на зглобот се чуствува болка само при силно оптоварување.
Болката исчезнува во мирување и повторно се јавува при оптеретување. Тегобите исчезнуваат по кратко време па може да се продолжи со одење или некоја друга работа.
Кога болеста напредува и благо оптоварувањето па и движење во мирување предизвика болка во зглобот, додека во развиена фаза движењата може да бидат дури и ограничени.
Болката обично се зголемува при изложување на топлина, со што се објаснува феноменот за појава на болка во текот на ноќта во топол кревет.
Често се јавува при промена на време и се влошува при изложеност на студ и влага.
Вкочанетост е често првиот знак на артроза. Се случува наутро или после долг период на одмор во текот на денот.
Често трае кратко, најдолго 15 минути а исчезнува и се разбива при движење и вежбање.
Деформација најчесто настанува на крајот на прстите, рацете, колкот и коленото. Настанува поради грчење на мускулите, зголемување на товарот и послаб или посилен степен на исчешување на зглобот.
Зглобовите со развиена деформација најчесто се свитки кон напред.
“Отоци” се јавуваат како резултат на општо или делумно задебелување на зглобните тела или настанува оток поради создавање на вишок на зглобна течност.
Кај жената во поткожното ткиво во околина на зглобовите (лакт, колено) се акумулираат масни наслаги во форма на мали или големи еластична перници кои се повеќе или помалку чувствителни на допир.
Пациентите им посветуваат многу внимание и ги покажуваат секогаш при ревматоиден преглед.
Сепак, овие перничиња не се од особено значење, бидејќи не ги оштетувааѕт зглобовите и никогаш не предизвикуваат болка, особено не силна.
Во напредна артроза се намалува големината на опсегот на движењата во зглобот и се развива една општа слабост на мускулите околу зглобовите.