Артроза – болест на зглобовите

На некои зглобовите, како што се колкот и коленото, артрозата се влошува повеќе, зглобовите стануваат многу болни а функцијата и подвижноста отежнуваат.
Артрозата е болест која ги опфаќа т.н.. правите зглобови односно оние кои имаат зглобната капсула и синовијалната мембрана.
Дегенеративните промени се случуваат главно во ‘рскавицата и коските делови, предизвикувајќи формирање на нови коскени испакнатини или израстоци.
Дегенеративните промени на зглобовите се многу чести. Болеста се јавува подеднакво кај мажите и жените од сите раси и социјални класи а почесто кај жените на возраст од над 55 години.
Во една студија во Англија, Артроза е откриена дури кај 87% од жените и 83% од мажите на возраст од 55 до 64 години. За жал утврдена е и кај 10% од испитаниците на возраст од 15 до 25 години.
Иако најчесто ги напаѓа зглобовите кои се најмногу оптоварени, може да се појави и во другите зглобови.
Посебен вид на артроза е онаа која го напаѓа базалниот зглоб на палецот и крајните зглобовите на раката.
Артроза на прстите често се случува генетски, обично кај жените по престанување на менструалниот циклус, а поретко кај мажите на возраст од 50 години.
По зафатеност ги вклучува зглобовите на колената, колковите и нозете.
Сложеноста на градбата на зглобовите
За да се разберат патолошките настани придружни од артрозата, потребно е да кажеме неколку зборови за структурата на зглобовите, која има главни и помошни делови.
Главните делови на секој зглоб се зглобното тело со зглобните површини, зглобната капсула и зглобната шуплина.
Краевите на коските се вклучени во формирањето на зглобовите, каде што се наоѓаат зглобни површини – еден избочена (конвексна), која е свртена кон другата вдлабната (конкавна).
Зглобните површини редовно се прекриени со 3-5 мм дебел слој на ‘рскавица.
Зглобната ‘рскавица е мазна за да обезбеди непречено лизгање на зглобните површини, кои примаат удари и потреси, ги ублажува и го штити зглобното тело од повреди.
Зглобната капсула го опкружува целиот зглоб и на рабовите се врзува со краевите на коскените зглобни тела. Ја обвива и штити зглобната шуплина и зглобните тела и е многу богата, дозволувајќи им слободно движење на зглобовите.
Се состои од надворешен и внатрешен слој, од кои секој има различна функција. Надворешната фиброзна мембрана се врзува со периостот на различно растојание од работ на зглобните површини, давајќи цврстина и еластичност.
Внатрешната мембрана е мазна и го обвива зглобот од внатрешната страна (синовија). Таа содржи мали крвни садови а кон зглобот формира ситни реси и набори.
Зглобната капсула лачи бистра зглобна течност која ги влажнее на слободни површини во згло9бот, што им овозможува флексибилност и ја храни зглобната ‘рскавица која нема крвни садови.
Зглобната шуплина е тесен простор меѓу површините на зглобовите, завиткана во зглобната капсула.
Во помошни делови на зглобот ги вклучуваме зглобната лигаменти, зглобните влошки и зглобните мускули.
Во здрав зглоб одност на зглобните тела е константен и на тој начин се постигнува стабилност која ја поддржуваат зглобните лигаменти – тетивите и околното меко ткиво.
Движењето во сите зглобови, не е исто, во зависност од обликот и големината на зглобот и распоредот на зглобните лигаменти.
Наједноставниот облик на движење во зглобот е лизгање, каде што површината на зглобовите лизга една по друга. Оваа форма на движење се наоѓа на спојот на ‘рбетот и карлицата.
Друга форма е кружно движе (свиткување и истегнување), кое се изведува по должината на осовината на зглобот, може навнатре и нанадвор (на пр. Коленото).
Со зглобовите се можни и други движења.
За да се одржи зглобната ‘рскавица е потребно постојан контакт со зглобната површина (движење во зглобот), бидејќи на овој начин преку зглобната течност се овозможува нејзината исхрана.
Поради долгорочно мирување со одвоени зглобни тела (вклучувајќи ги и зглобните површини) се случува дегенерација на ‘рскавица.
Покрај тоа, доаѓа до кврчење на зглобната капсула, што може да доведе до трајна вкочанетост.
Ако мирувањето е трајно, зглобот целосно се укочува и настанува анкилоза- најпрво фиброзна (множење на сврзното ткиво), а подоцна и коскена (споени коски).
Мускули – Мускулната маса го сочинува речиси половина од вкупната телесна тежина кај мажите околу 42%, а кај жените за 39%.
Мускулите го формираат активно системот за движење на пр. Се користат за извршување на сите движења, а со оглед дека го покриваат целиот костур учествуваат во обликувањето на човечкото тело.
Мускулна активност е врз основа на способноста за контракција односно стегање, која е формирана со поддршка на нервниот систем и продолжува додека не престане овој стимул, по кој мускулот се релаксира (опушта).
Постојат неколку форми на мускулната контракција:
• Статичка контракција – мускулите не се скратуваат, но само се зголемува тензијата;
• Динамичка контракција – мускулот се скратува и со тоа доаѓа кон преместување на инсерциите или до движење во одредени делови на телото.
Статичката и динамичката контракција најчесто се експлоатираат во мускулните вежби.
Правилно вежбање на мускулите помага во развојот на телото и системот за движење, а ус тоа добро развиените мускули го намалуваат ризикот од повреди на коските и зглобовите.
Зголемената мускулната активност доведува до силно зголемување на мускулната маса (хипертрофија) а намалената активност или целосно мирување до пропаѓање (атрофија).