БОДИБИЛДЕРИ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ:1920-1930

Во 20-тите и 30-тите години на минатиот век, бодибилдингот и натаму незапира со неговото проширување и неизбежните протагонисти на овој спортот станаа:
ЧАРЛС АТЛАС (CHARLES ATLAS)
Чарлс Атлас (1892 – 1972) е роден како Анџело Сицилијано во Италија и на 11 години се сели во САД.
Два настани го промениле неговиот живот и го усмериле кон бодибилдингот:
“првиот настан бил во посета на музејот во Бруклин, каде останал фасциниран од статуите на Херкул, Аполон и Зевс;
вториот бил во посета на зоолошката градина во Бронкс, каде што гледајќи го лавот како се протега заклучил дека ова огромно животно вежба исклучиво така што ги спротивставува едениот мускул кон другиот.”
Иако првично бил слаб (имал само 44 килограми, кога започнал со тренинг) и премногу сиромашен за да се зачлени во некоја теретана, тоа не го обесхрабри да гледа како другите вежбаат, а потоа тие вежби тој ги правел дома .
Исто така ги посетувал и натпреварите испитувајќи ги снагаторите како се хранат и со што.
Во исто време, ги читал различните списанија во потрага по информации во врска со здравјето, силата и вежбањето На крајот тој развива својот систем на тренинг, без тегови, што го нарекува “Динамичка Тензија” ( ” Dynamic Tension “).
Овој систем на тренинзи се состои од 12 лекции, од кои секоја била објаснета со слики, вежби кои ги демонстрирал самиот Атлас.
Овој прирачник со вежби стана многу популарен, и се продавал во милиони примероци, бидејќи се рекламирал со хумористичен стрип под мотото “Еј слаби, ти се гледаат ребрата!”.
Така Атлас стана икона за фитнес во тоа време. Додека оваа реклама била прогласена за најдобра реклама во тоа време. Учествувал во многу натпревари за бодибилдинг и освоил многу награди и бил на многу насловни страници од списанија во тоа време.
СИГМУНД КЛЕИН (SIGMUND KLEIN)
Сигмунд Клеин (1902 – 1987) бил снагатор, кревач на тегови, бодибилдер, професионален атлета, шоумен, писател и публицист роден во Германија а израснал во Кливленд (Охајо, САД).
Дури и како дете, бил доста силен, бидејќи секој ден вежбал и испробувал различни спортови и игри, со која си ја тестирал сопствената сила, подигајќи разни тежини.
Неговата бодибилдингот кариера ја започнал на возраст од 15 години. На 17 години си ја купил својата прва шипка.
Тој му се восхитувал професорот Луис Атили, светски познатиот тренер на најголемите спортисти и снагатори во тоа време – најпознат по тоа што го открива, обучува и ја водел кариерата на познатиот Јуџин Сендов. Со 22 години тој се преселил во Њујорк, со цел да вежба во познатата Атила џум.
За жал професорот починал пред тој да го запознае, но затоа во согласност со неговата вдовица продолжил да ја водинеговата теретана.
Тој подоцна отворил своја теретана, која станала многу позната и почитувана.
Бил еден од првите шампиони во тешка и средна и секако бил на сите насловни страници во тоа време.
ЏОН ГРИМЕК (JOHN GRIMEK)
Џон Гримек (1910 – 1998) бил американски непоразен бодибилдер (вклучени во Hall of Fame 1999 година) и олимписки држач на тегови (1936 година на Олимписките игри во Берлин), познат под надимакот “Монарх со мускули” и “Сјај”.
1940 и 1941 година победи на натпреварот мистер Америка и често посочувал дека неговата голема мускулна фигура и дефинираниот резултат е како последица на тренинг со тегови а од занимавање со некој друг спорт.
Победил на NABBA натпреварот и на Мистер универс.
Исто така се појавил и сликал за многу бодибилдинг списанија и продолжил сериозно да тренира а се пензионирал во доцните 60-тите години и се уште можел да прави чучњеви со своите 200 килограми!