БОДИБИЛДИНГОТ МОЖЕ ДА ГО ПОПРАВИ ВАШИОТ СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ?

Мажите, стереотипно земено, се познати по своите “валкани” говори во спалната соба, па нормално е дека ние како жени трепкаме со очите и глумиме навредени со крајна софистицираност бидејќи тоа понекогаш очајнички им недостига.
Жените од прва со некој нема да ги споделат своите мисли и чувства за секс.
Понекогаш тоа е табу тема за која не сте подготвени да разговарате за разлика од спротивниот пол.
Бодибилдерите и другите спортисти не се исклучок, но сепак за нив се чини дека се е однесува на начинот на кој недостатокот на сексот како ќе влијае на нивното вежбање, исхрана, фигура, и на нивниот пласман.
СЕКС ПРЕД ГОЛЕМИОТ НАСТАН
Добро познато дека многу професионални спортисти, фудбалери, кошаркари, борачи и атлетичари тврдат дека се воздржуваат од било каква сексуална активност со своите партнерки, па дури и од мастурбација пред големиот настан, или натпревар.
Постои некое старо верувањедека на тој начин, ја намалуваат својата способност, силата, експлозивност, па дури и желба и напор кои треба да ги вложат за да победат на големиот спортски настан, турнир или натпревар.
На прв поглед се чини дека ова е точно, но почекајте една минута.
Откако спортистите се воздржаа од ејакулација (тестирани беа нивоата на дневна основа) за 6 дена, нивото на тестостерон не се смени.
Само седмиот дена нивото нагло скокна за 50%.
Ова значеше повлекување на тестостеронот на првобитното ниво на осмиот ден од денот на апстиненција. Очигледно е дека зголемување од 50% може да се постигне, но зошто?
Да се апстинира од секс шест дена само за да седмиот ден имаме топ во нозете? Хм, НЕ.
Тоа едноставно не е применлива и соодветна метода.
Во бодибилдингот, постојат неколку мислења за тоа. Некои експерти нема да имаат секс со денови или недели пред натпреварот, мислејќи дека така ќе го намалат нивото на тестостерон или ласерски ќе го насочат вниманието на нешто друго освен главната награда.
Арнолд Шварценегер ги отфрли ваквите мислења и докажал дека сексот по кревање тегови и тренинг му помага да се опушти и му го зголемува протокот на крв, како и самата продуктивност на тренингот.
Вистината е дека бодибилдингот (кревањето тегови), го намалува нивото на тестостерон (серум), но како таков, малку намален, останува помалку од три часа.
Една студија покажа дека кај мажите, по 15 минути гледање на порно филмови, тестостеронот се зголемува на 100%, а кај жените се рефлектира во бројката од 80%.
Факт е дека сексуалната возбуда во значителна мера го зголемува тестостеронот, па следува ова логично прашање: “Колку време трае”.
Се чини дека нивото 75% од максималната вредност останува повеќе од 90 минути, и затоа ви е подобро да побрзате! Од друга страна, со ова би ја зголемиле и агресивноста и веројатноста дека ќе направите нешто што не треба.
МЕРЕЊЕ НА ТЕСТЕСТЕРОНОТ
Во една студија со стаорци, нивото на тестостерон бил измерен пред ејакулација, еден, два, а потоа четири часа.
Тестовите покажале значително зголемување на нивото на тестостерон по еден час кој остана на високо ниво, дури и четири часа по ејакулација.
Ова е одлична вест бидејќи тренинг по ејакулација станува значително подобар и тоа на сосема природен начин. Можете дури и да изберете, сами или со партнерот.
Сепак, ваквите тестови се насочени само во една насока, само за мажите. Искрено се надевам дека во иднина ќе биде спроведено истражување кое ќе биде направено директно на жените во фитнесот и бодибилдингот.
Некои жени користат различни хемикалии со кои се обидуваат да ги поправат ефектите од тренингот и исхраната пред натпреварот, но тоа е приказна за друга статија.
Екстремните тренинзи навистина знаат да направат белег на телото, така што жените гладни, уморни и незаинтересирани, го блокираат сексуалниот нагон, како и нагонот на мажите кои не ги привлекуваат вакви жени.
Има жени кои велат дека чувствуваат наплив на енергија после секс, кој што резултирал со оргазам и тие сакаат да скокнат од креветот зада исчистат или само напразно да скокаат околу куќата; другите се среќни и со гледање телевизија или да се опуштат со својот партнер.
Мажите се многу повеќе релаксирани за тоа после секс.
Тие сакаат да се релаксираат, да се излежават во кревет, да бидат бидат пасивни, или да не прават ништо.