Бонтон во фитнес-центар – Дали се придржувате до основните правила?

Постојат неколку едноставни правила како престојот во заеднички простор да ни биде поудобен, во овој случај омилениот фитнес центар.
По правило постарите членови веќе имаат воспоставено ред и се придржуваат кон него, а новите членови мора да се адаптираат на тој ред.
Кодексите на однесување во фитнес центар не се премногу различни од начините на однесување кои го користиме во секојдневниот живот.
1. Основно однесување
Основните комуникациски вештини налагаат да поздравуваме кога влегуваме во новата средина, да бидеме љубезни и пријателски настроени кон вработените и вежбачите, но не премногу наметливи.
Слободно да ги поздраваиме присутните во сала. Сите прашања во врска со вежбањето,вежбите, цените, употребата на уредите во сала или ангажирање на приватни тренери поставете ги на влезниот пулт за информации.
Најчесто лицата вработени во фитнес центрите не се одговорни за вашите лични работи, па не претерувајте со носењето на непотребни работи, кои реално може да исчезнат.
Од истата причина заклучувајте го шкафчето во гардероба, додека клучот понесете го со себе или вратете го на одговорното лице.
Членска карта секогаш носете ја со вас, за персоналот да може полесно да ве евидентира или научете си го бројот на членската карта на памет, не доцнете со плаѓање на членарината, и не доаѓајте да вежбате последниот час пред да се затвори за да не ги задржувате вработените да остануваат повеќе од колку што им е работното време.
2. Користење на опрема
На самиот почеток фитнес тренерот треба да ви направи програма на вежби наменети само за вас според физичките предиспозиции.
Значи, тој ќе одлучи по кој редослед ќе вежбате и со кои справи ќе се служите, колку долго и колку серии ќе правите. Ако апаратот е зафатен, почекајте додека лицето кое го користи апаратот да заврши со вежбање или наизменично користете ја опремата.
Не им зборувајте на вежбачите додека вежбаат затоа што ќе ги деконцентрирате. Искористете го времето додека чекате за да се истегнете или загреете. Опремата што ја користите (теговите) да ја вратите на своето место по употребата.
3. Хигиена
За да хигиената во фитнес-центрите биде на високо ниво и ние треба да придонесеме за тоа со нашето однесување.
Прво, најдобро би било да дојдете на фитнес со различна облека од онаа што ја користите во салата. Со тоа го намалуваме влезот на бактерии и нечистотии.
Користете различни облека за вежбање од она што ја носите надвор. Секогаш носете чиста крпа со вас . Врз секој апарат пред употреба ставете си пешкир.. Не уринирајте во тушот.
Секогаш исчистете по себе во туш кабината и во гардеробата. Во соблекувалните не претерувај те со мирисот на дезодоранси или парфеми и истите не ги прскајте претерано пред влез во сала.
Ако сте настинати или болни избегнете да дојдете за да се избегне инфицирање на други членови.
Пред секое доаѓање во фитнес центарот внимавајте на вашата лична хигиена, користете антиперспиранти и чиста перена опрема за да го избегнете непријатниот мирис на пот.
4. Меѓучовечки односи
За добри меѓучовечки односи важи едно правило – Остави ги другите на мир да вежбаат и така и тие тебе ќе те остават на мир да вежбаш- Најлошо е да дојдеш во салата подготвен за вежбање и да налеташ на личност желна за разговор,и така неможеш во мир да го извршиш тренингот.
Значи да не се започнувате со долги разговори затоа што во фитнес центрите доаѓате да тренирате.
Ако ви треба помош, информации или совети, ве молиме контактирајте со вработените, кој се таму за да ви помогнат.
Исто така, ако некој ве праша за помош, биде подготвени да помогнете, особено ако инструкторот не е во салата, посебно ако видите дека некој е почетник секаква помош му е добредојдена.
Исто така заборавете на користење на мобилен телефон. Салата е простор каде доаѓате да се релаксирате и да вежбате, а тоа нема да се случи ако носите мобилен телефон со вас, што го прави достапни во секое време.
Покрај тоа другите присутни луѓе не сакаат да ги слушаат вашите разговори.
Не оговарај те никого во салата со другите вежбачи,тоа не е културно.
Не им досадувај те постојано на инструкторите и вработените со прашања ако го знаете вашиот програм и редоследот на вашите вежби.
Ако имате деца кои често немате кој да ги чува ви сугерираме да се запишете во фитнес клуб со детски престој, овој тип на услуга ја користат се поголем број на родители а услугата вообичаено е бесплатна за членовите во големите и ексклузивни фитнес центри.
Почитувајте ги правилата на престојот во фитнес-центар и ќе бидете и вие и останатите членови задоволни !