Боречки вештини за сила и издржливост

Голем број луѓе започнуваат со своја програма за вежбање со цел да изгубат на телесната тежина или да ја задржат формата на телото и да ги затегнат мускулите.
Затоа програмите за боречки вештини се многу корисни. Овие вештини го зајакнуваат горниот дел од телото, нозете, грбот и стомачните мускули.
Со комбинирање на боречки вештини и добро диета ќе го добиете вистинскиот пакет со која може да ја постигнете својата цел. Ние ви презентираме некои од најдобрите боречки вештини.
Карате
Карате е популарна боречка вештина која потекнува од Окинава а пристигна во Јапонија на почетокот на 20-от век.
Голем број на луѓе го користат овој вид на вежбање за да ја задржат форма на телото и да изградат мускулната маса.
Од кондиционен аспект треба да се прават голем број на серии на удари со назе и напад каде што овие движења функционираат против некој во форма на отпор.
Го зголемува нивото на отпор, се зголемуваат и вашите мускули.
Таеквондо
Таеквондо е едно од двете боречки вештини (другото е џудо) кои се вклучени во Олимписките игри.
Ние не велиме дека веднаш ќе освоите злато но ако сакате да изградите сила и брзина, Таеквондото е одличен почеток.
Како ќе вежбате ви треба рамнотежа за да можете истовремено раководите со рацете и нозете а како резултат на тоа ќе развиете многу добра координација.
За да вашите раце и нозе станат посилни потребно е долго тренирање со вреќа за удирање.
Танг Су До
Љубителите на овој спорт често го нарекуваат “уметност”, бидејќи е повеќе рекреативна вештина отколку што е за такмичење.
Танг Су До е корејски боречка вештина која ги развива телото, умот и духот. Од физичка гледна точка помага да се добие на сила.
Еден од клучните аспекти е циркулациско движење на рацете, нозете и дланките со кои градите сила и издржливост.
Таи Чи
Таи Чи е еден од најдобрите спортови за намалување на стресот па според тоа се смета за еден од најнежните боречки вештини.
Таи Чи вежбите се фокусирани на основните мускулни групи. Помагаат во изградба на силата, рамнотежата, издржливоста и зголемување на флексибилноста.
Кунг Фу
Господарот на боречки вештини Брус Ли, Кунг Футо го направени најпопуларна боречка вештина и тоа во филмот ” Fist of fury “.
Во Кунг Фу се користат скокови, удири со нозе и други движења, што го прави најдобра боречка вештина кога станува збор за кардиоваскуларно тренирање.
Капоера
Капоера е боречка вештина која редовно се практикува во Бразил. Оваа вештина бара одлична рамнотежа и координација.
Капоерата повеќе зависи од самата сила повеќе од сите други боречки вештини, но исто така содржи движења со нозе и разни други удари кои вклучуваат нозе.
Џудо
Настана во 1882 година од страна Jигоро Кано. Џудото е многу сличен на Таеквондото.
Најголемата разлика се гледа во текот на траењето на такмичењето. Во Џудото се нагласува силата и издржливоста, каде тренинзите може да бидат многу долги.
Во оваа боречка вештина е вклучен борба па затоа кој ќе се одлучи за тренирање на оваа боречки вештини за сосема кратко време ќе изгради мускулната маса и сила.