Босилекот- лековита и се наменска билка

Во древната индиска медицина ајувреда, босилeкот е главна состојка на многу препарати и важи за една од најлековитите билки, а неговото благотворно дејство на здравјето го потврдуваат најновите истражувања.
Босилeкот е билка која потекнува од Индија, била употребувана уште пред 5500 години, а во стар Рим била донесена во времето на Цезар од страна на монасите, каде била ценета како лековита билка.
Според резултатите од студијата спороведена во Универзитетот Барода во Индија, овој популарен зачин содржи антиоксиданси кои се одлични адаптогени кои ги смалуваат негативните последици од стресот, истовремено го зајакнуваат одбрамбениот систем на организмот.
Босилeкот обилува со витамин Ц, калиум, форсфор и има силно анти бактериско, антивирусно и антифунгицидно дејство и е проверен лек за разни инфекции.
Индиските научници утврдиле дека помага при контрола на шеќерот во крвта , а бидејќи го намалаува нивото на холестеролот е моќен заштитник на срцето и крвните садови.
Истотака позитивно делува на варењето и дишните органи.
Со него се сретнуваме уште од најмали нозе. Не прати од почетокот на нашиот живот. Затоа многу народи го нарекуваат царев цвет.
Православната црква и многу други токму на него му ја препишуваат боженствената моќ.
Босилекот го користиме како лек, но и како зачин. Го користиме во свежа и сува состојба.
Содржи многу лековити супстанции како што се: билни влакна, етерични масла, камфор, метил-кавикол, минерални соли, цинеол…
Бидејќи е лековит може да го користите при: акни, анксиозност, астма, болести на мочните канали, екзем, несоница, нервоза, отворени рани, проблеми со циркулацијата, стрес…
За да ја намалите кашлицата сварете чај од босилек и засладете го со лажица мед.
Ако го користите како зачин во исхраната нема да имате проблеми со варење на истата.
Особено се препорачува на дијабетичарите.
Маслото од босилек е одлично за сушење на акните.
Облогите од свежи листови босилек може да помогнат раните побрзо да заздрават и при тоа да не се инфицираат.