Вежби без тегови со кои се зајакнуваат нозете

Со цел да се развие било кој мускул во телото до одреден степен, теговите не се нешто неизбежно и нешто без кое не се може.
Се разбира додатното оптеретување драстично го забрзува напредокот, но и основниот пристап и многу силен и интензивен тренинг со сопствената тежина понекогаш може да биде повеќе од доволно.
Се однесува и на нозете, кои инаку спаѓаат во најсилните мускули во телото, кои инаку најдобро може да се развијат со правење на клекнувања (сквотови), исчекори и други варијации на горенаведените вежби.
Програма за тренинг за развој на мускулите на нозете без тегови:
Прв сет
– Клекнувања (сквотови) – (ги правите околу 45 секунди)
– Исчекор наназад – (ги правите околу 45 секунди)
– Клекнувања (сквотови) настрана – (ги правите околу 45 секунди)
– Burpee – (ги правите околу 45 секунди)
Одмор 1 до 2 минути
Втор сет
– Скок – клекнување – (ги правите околу 45 секунди)
– Скок – исчекор – (ги правите околу 45 секунди)
– Скок настрана – (ги правите околу 45 секунди)
– Burpee – (ги правите околу 45 секунди)
Повторете ги во круг двата сета на вежби 3 до 5 пати.
Најдобо од се е дека овој вид на тренинг може да се прави речиси насекаде, без ограничувања поврзани за простор и опрема, може да ги правите во вашиот дом за значително подобрување на силата и изгледот на нозете.