ВЕЖБИ ЗА БИЦЕПС СО ШИПКА

Целна група на мускулите: Бицепс
Опремата која се користи: Шипка
УПАТСТВО:
1. Застанете исправени со градите нанапред, додека ја држите шипката со дланките на вашите раце, лактите треба да бидат во близина на торзото. Ова ќе биде вашата почетна позиција.
2. Шипката ја кревате кон рамената а потоа ја враќате во првобитната почетна позиција.
Совет: Само лактите треба да ги движите.
3. Продолжувате со движење додека вашиот бицепс целосно не го напнете и шипката е на ниво на рамото. Држете ја оваа позиција една секунда и стегнете го бицепсот силно.
4. Полека почнувате да ја враќате шипката во стартната позиција и издишувате.
5. Повторете го истото за препорачаната серија на повторувања.
Варијации: Можете оваа вежба да ја правите со помош на крива (EZ) или права шипка или со влечење на макара на лат машина со различни додатоци кои што служат за вежбање на бицепс.