ВЕСЛАЊЕ ВО ПРЕТКЛОН НА СМИТ МАШИНА (SMITH MACHINE BENT OVER ROW)

Мускули на кои вежбата примарно делува: Грбните мускули
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: задно рамо и вратни мускули исто така заден дел.
Кога се врши оваа вежба? – Во првичната фаза од тренингот на грб.
Држете ја шипката на Смит машината во ширина на рамената (или малку пошироко од ширина на рамената) и навалете го вашето торзото (навалете го трупот) напред под агол од 45 степени на подот или речиси паралелно со подот (каде шипката е некаде во ниво на колената).
Фиксирајте го грбот а шипката треба да виси во целосно испружени раце.
Подигнете ја шипката на Смит машината вертикално нагоре, така што ќе ги допре долните градите односно горниот дел од стомачните мускули.
Грбот мора да биде фиксиран и со свиткан труп (долниот дел на грбот никогаш не треба да биде заокружен) а колената благо свиткани.
Држете ја шипката, така што дланките да ви бидат свртени надолу (overhand).
Ако шипката ја примите во ширина на рамената или помала од ширината на рамената, толку подобро ќе го погодите централниот внатрешен дел на латимусите, додека поширок фат подобро влијае на надворешните латимуси.
Доколку шипката ја креваме кон долните мускули на градите, тогаш ќе биде подобро погоден горниот латимус и трапезиус, а доколку ја креваме шипката на ниво на стомакот (да го допре стомакот) тогаш подобро се погодува долниот латимус.
Меѓутоа, ако ја подигнуване шипката на нивото на стомакот, тогаш е подобро шипката да ја примиме така што дланките да бидат свртени нагоре, односно со потфат.