ВЕСЛАЊЕ НА МАШИНА (MACHINE ROW)

Мускули на кои вежбата примарно делува: Сите мускули на грбот
Секундарни мускули кои учествуваат во изведувањето на вежбата: задно рамо
Кога се врши оваа вежба? – Во средната или завршната фаза на тренинг на грбот.
Фатете ја рачката со испружени раце, а торзото ослонете го на самиот уред.
Повлечете го држачот кон горниот дел на стомакот држејќи го притоа грбот во целост затегнат и исправен.
Спуштете го полека товарот на стартната позиција.
Внатрешните грбни мускули повеќе ќе бидат погодени ако рацете се поблиску една до друга а поголем простор меѓу рацете повеќе ќе се изолира надворешниот дел од грбните мускули.
Како што е покажано на сликата држачот можат да го влечете на неколку различни начини.
Примање со натфат (дланките свртени кон подот) се опфаќа горниот надворешен дел на мускулите, со потфат (дланките свртени кон таванот) го опфаќаат долниот дел на мускулите, итн ..
Слично на тоа и висината на седиштето на машината може да се промени односно поддеси.
Повеќе со спуштено седиште го влечеме држачот кон градите и го опфаќаме горниот вратен мускул, додека со кренато седиште кога го влечеме држачот кон пределот на стомакот и го опфаќаме долниот дел на мускулите.