Веслање со Т-шипка (FREESTANDING T-BAR ROWS)

Мускули на кои примарно делува оваа вежба: Сите категории на грбните мускули
Секундарни мускули кои учествуваат во изведувањето на вежбата: рамо, бицепс
Кога се извршува оваа вежба? – Во почетната фаза на тренинг на грб.
Нозете се благо свиткани во колената, грбот целосно исправен и торзото наведнато напред под агол од 45 степени во однос на подот.
Земете ја Т-шипката од лежиштето и испружете ги рацете.
Подигнете ја Т- шипката колку што е можно погоре кон вас и во горната положба затегнете ги мускулите на грбот.
Полека вратете ја Т-шипката во стартна позиција.
Како што е на сликата покажано, но има многу начини на кои може да се вежба со T-шипка односно Позицијата на рацете може да варира.