Веслање со тегови на коса клупа (INCLINE DUMBBELL ROW)

Мускули на кои примарно делува оваа вежба: Сите категории на грбните мускули
Секундарни мускули кои учествуваат во изведувањето на вежбата: рамена (заден дел)
Кога се извршува оваа вежба? – Во средната фаза на тренинг на грб
Легнете на коса клупа која е поставена под агол од околу 45 степени во однос на подлогата односно подот.
Градниот кош мора да биде целосно потпрен на клупата а брадата мора да биде над врвот на клупите. Стапалата се на подот.
Земете еден пар тегови и држете ги во раце кои висат целосно испружени во лактите. Дланките на рацете ви се свртени еден кон друг.
Кренете ги теговите кон горе потиснувајќи ги лактите што е можно нагоре и кога ќе стигне до позиција на врвот стиснете со рамената.
Вратете ги теговите на стартната позиција. Нозете, наместо да бидат потпрени на подот може да се наоѓа на клупата.