Вилијам Бонак шампион на Прага Про 2016

На 01.10. 2016 во Прага се одража уште еден Бодибилдинг натпревар ИФББ ЕВЛС ПРАГА ПРО.
Во машка конкуренција Првото место го освои Вилијам Бонак од Холандија, втор беше Големиот Реми (Биг Реми) од Египет, бронзата ја понесе Декстер Џексон од Сад, а по него следеа Шон Роден исто така од Сад и на 5-тото место заврши Роли Винклер од Куракао.
ВИЛИЈАМ БОНАК
ЕЛСИБАЈ МЕНДУХ (БИГ РЕМИ)
ДЕКСТЕР ЏЕКСОН
Шести беше Чехот Лукас Осладил, а седми Австралиецот Џош Ленартовиц.
Хрватот Петар Кланцир се најде на осмото место а веднаш по него Чехот Томас Каспар.
Мароканецот Абделазиз Џелаи беше десетти а на 11-тото место се најде повторно Чех Далибор Хаек.
Последното 12-то место му припадна на Американецот Брендон Кари.
Во женска конкуренција на бикини 2016 ИФББ ЕВЛС ПРАГА ПРО златниот медал го однесе Русинката Јана Кузнецова, сребрениот медал и припадна на Олга Путрова исто така од Русија, бронзата отпатува во Канада со Синтија Беноит.
Унгарката Дијана Саламон беше пласирана на 4-тото место а веднаш по неа Финката Сара Бек.
Шеста беше Американката Нина Рос а седма Канаѓанката Нина Естебан.
Шпанката Марија Арангурен беше 9-та а 10-та Чехинката Даниела Бечкова.
Претпоследното место го освои Русинката Дијана Волкова а 12та беше Русинката Екатерина Шокина.
Швеѓанката Медлен Мур се најде на 13-тото последно место.
ЈАНА КУЗНЕЦОВА.