ВИСТИНСКИ ВИТАМИНИ ЗА ДОБАР СЕКС

Ако сексуалниот живот ви е сиромашен а главен кривец за тоа е вашата подобра половина, отпочнете да му приготвувате храна од намирници богати со железо и разни витамини.
Иако некој се сомневаат во моќта на афродицијаците факт е дека тие постојат и стварно делуваат. Сексуалната желба ја потикнуваат хормоните меѓутоа некој намирници исто така помагаат во тоа.
Почнете да подготвувате храна од намирници богати со железо и разни витамини. Верувајте дека во вашата спална соба ќе биде многу весело…
Витамин Ц
За квалитетен сексуален однос важна е добрата циркулација и нормално ниво на хормони што секако може да се постигне со конзумација на махунки, целовити житарки и овошје /зеленчук богато со витамин Ц.
Жените во такви ситуации треба да јадат повеќе зеленчук кои содржи многу витамини и минерали.
Ваквите намирници ги штитат репродуктивните органи и ја подобруваат нивната функција.
Витамин Е
Овој витамин најмногу помага во решавањето на сексуалните проблеми. Со години е познато дека маслата од семките на сончогледот, лешниците, оревите и кикириките позитивно делуваат на сексуалната моќ.
Значи, навечер пред телевизорот грицкајте кикирики затоа што кога ќе легнете во креветот ќе се претворите во вистинска заводничка на која вашиот партнер не ќе може да и одолее.
Железо
На анемичните лица во крвта им недостасува железо а тоа е една од причините за намалување на сексуалната желба.
За да повторно со нетрпение исчекувате кога ќе се збавувате со партнерот во спалната соба конзумирајте храна богата со железо.
Јадете повеќе месо, риба и зеленчук.
Цинк
Сем што ја потикнува сексуалнта желба цинкот го подобрува и квалитетот на спермата. Намирниците богати со цинк се морските плодови, посебно школките кои се одавна познати како афродизијак.
Црниот дроб, јајцата, лешниците и гравот исто така се богати со цинк. Морате да знаете дека алкохолот и цигарите ја намалуваат сексуалнта желба.
Алкохолот го намалува квалитетот на спермата. Никотинот ги стеснува артериите и со време можноста за постигнување на ерекција е многу мала.
Жените поготово не би требало да пијат големи количини алкохол затоа што тој им го намалува нивото на естрогенот и затоа тие помалку уживаат во сексуалните игри.
Ако сакате повеќе секс, намалете ја конзумацијата на заситени масти затоа што ги затнуваат крвните жили и ја отежнуваат циркулацијата.