Витаматин А – која е неговата функција во организмот?

Витаминот А не заслужува прво место во табелата на витамините само поради алфабетниот редослед, туку и поради бројните важни функции во организмот.
Витаминот А ја штити клеточната мембрана и ја зајакнува кожата и слузокожата, со што помага во спречување на бројни инфекции и неконтролирано пукање на ткивото, така што со право го нарекуваме “заштитник на целиот организам”.
Од особена важност има во физиологијата на видот, бидејќи учествува во креирањето на визуелниот пигмент кој се наоѓа во станиците на мрежницата.
Исто така се смета дека витаминот А ја појачува функцијата на имунолошкиот систем, така што спречува појава на некои заразни болести.
Што кажува историјата
Првите податоци за ноќното слепило, болести кои се предизвикуваат поради намалениот внес на витаминот А, потекнуваат уште од древен Египет.
Всушност, тогаш веќе се знаело дека при неговото лечење помага печен или зготвен црн дроб, за кој е дури покасно утврдено дека е природно богат со извор на витаминот А.
Извори на витаминот А
Различни облици на овој витамин има во храната од животинско потекло како што се јајцата, полномасното млеко и црниот дроб. Добар извор исто така се и каротеноиди кои ги има во темниот зеленчук и во жолтите и портокалови овошја.
Може ли да се појави недостаток на витаминот А?
Препорачаниот дневен внес на витаминот А изнесува 800 µg за возрасни, нешто повеќе е за доилки- 1300 µg.
Просечната исхрана содржи доволно витамини, а резервите складирани во црниот дроб содржат доволна количина кај здрави особи за најмалку 1 до 2 години.
Така што, недостатокот на витаминот А исклучително ретко се јавува во развиените земји, но сеуште е главен здравствен проблем во неразвиените подрачја или земји. Предизвикан е од хронично нередовна и недоволна исхрана.
Што ако внесеме премногу витамин А?
За разлика од другите витамини кои можат да се користат и во зголемени дози, овој витамин е специфичен по тоа што може да предизвика хипервитаминоза и да биде токсичен.
Поради тоа, овој витамин се користи првенствено во препорачани дневни дози во мултивитамински препарати, додека неговото изолирано користење мора да биде под контрола на доктор.