Витамин К – потребен за изградба и одржување на силни коски

Витамин К
Витаминот К е витамин растворлив во масти кој е потребен за изградба и одржување на силни коски.
Витаминот К е неопходен за остеобластите (клетки кои ја градат коската), за активирање на остеокалцин (osteocalcin), протеин кој го врзува калциумот за коските.
Исто така, тој може да го инхибира производството на остеобластите, клетки одговорни за разградување на коската.
Витаминот К е исто така вклучен во коагулацијата на крвта.
За повеќето здрави поединци лесно е да ја внесат препорачаната количина на витамин К со консумирање на храна богата со нутриенти.
Препорачана дневна доза на витаминот К
Адекватен внес на витамин К е 120 µg дневно за мажи и 90 µg дневно за жени.
Типични внесени дози на витаминот К
Дефицит на витамин К е многу редок и се јавува кога постои неспособност да се апсорбира овој витамин во цревата.
На пример, дефицит на витамин К може да настане по продолжен третман со антибиотици, кога бактериите во интестиналниот тракт се нарушени.
Поединците со дефицит на витамин К обично имаат зголемена тенденција кон модринки или крварење.
Храна која содржи витамин К
Диететски извори на витамин К се: некои темно зелени лиснати зеленчуци (кељ, зелје, спанаќ, лисја од синап, листови од репка и прокељ) и одредени растителни масла (од соја, канола, семе од памук и маслиново).
Една чаша варен кељ содржи повеќе од 1000 µg витамин К. Една чаша варени брокули содржи околу 300 µg витамин К.
Витамин К и здравјето на коските
Низок внес на витамин К се чини дека е поврзан со зголемен ризик од фрактури на колкот кај постарите мажи и жени.
Сепак, не е сигурно дали зголемувањето на стапката на фрактурите целосно се должи на нискиот внес на витамин К.
Во некои студии, повисокиот внес на витамин К во исхраната, исто така, се поврзува со поголемо консумирање на зелен, лиснат зеленчук.
Исхрана богата со овошје и зеленчук може да има и други карактеристики, кои би можеле да бидат одговорни за понизок ризик од фрактури.
Можеби се работи за други витамини и / или минерали присутни во овошјето и зеленчукот или се работи за ефектот на овошјето и зеленчукот врз ацидо-базната рамнотежа, која влијае врз намалување на ризикот од фрактури.
За јасно да се разбере односот на витаминот К со здравјето на коските потребни се идни истражувања.
Како да бидам сигурен дека внесувам доволно витамин К?
Внесувањето на доволно витамин К во вашата исхрана може да помогне во формирањето на силни коски.
Најдобар начин да се добие дневната препорачана доза на витамин К е да се следи диета со разновидни хранителни продукти со посебен акцент на зелениот лиснат зеленчук.
За силни коски и здраво срце, мудро е да се користат нехидрогенизирани растителни масла (кои се богати со витамин К) во умерени количини.
Дали постојат одредени специјални размислувања за витамин К?
Луѓето кои земаат антикоагулантни лекови важно е да знаат дека суплементите на витаминот К или храната која содржи витамин К може да ја намалат ефикасноста на нивните лекови.
Секогаш следете ги упатствата на вашиот лекар.