Ви се грчат мускулите? Внесувајте калиум и магнезиум

Секоја од малите нутриенти има препорачаната дневна доза која треба да се внесе во телото во текот на денот, а кога нашето тело без ниеден од овие елементи останува хронично скратен, почнуваат да се појавуваат мали, но различни симптоми кои го нарушуваат здравјето.
Некои од овие симптоми се мускулни грчеви, несоница, замор, бледа боја на кожа, летаргија, слаб апетит, главоболка, раздразливост и други.
Секој од овие мали проблеми во суштина може да биде само симптом на недостатокот на одредени хранливи состојки со чии зголемен внес е доволно за да се реши проблемот.
Така што во случај на мускулни грчеви, она што треба да направите е да му овозможите на вашето тело внес на задоволителни количини на калиум, магнезиум и електролити и овој проблем ќе стане историја.
Луѓето кои имаат проблеми со несоница имаат тенденција да страдаат од недостаток на магнезиум, цинк и амино киселини додека хроничен замор, поспаност и недостаток на енергија може да значи дека во крвта имаме ниско ниво на железо.
Витаминот Ц и неговиот недостаток резултира со бледа боја на кожата, летаргија, слаб апетит, губење на имунитетот, слаба јачина на непцата и слично.
Поради сето ова секој сериозен нутриционист, фитнес тренер и на крајот на краиштата и лекар препорачува разновидна исхрана, но тоа е токму поради тоа – со цел да внесете во вашето тело колку е можно повеќе различни витамини и минерали неопходни за оптимално функционирање на телото и да ги заобиколите сите овие мали, но досадни симптоми.