ВЛЕЧЕЊЕ СО ТЕСЕН ЗАФАТ НА ЛАТ МАШИНА ПРЕД ГЛАВА СО ТРИАГОЛЕН ДОДАТОК (TRIANGLE ATTACHMENT CLOSE GRIP LAT PULLDOWN)

Мускули на кои вежбата примарно делува: Грбни мускули (надворешниот дел).
Секундарни мускули кои учествуваат во изведување на оваа вежба: рамена.
Кога се изведува оваа вежба? – Во примарната фаза при тренинг на грбот.
Фатете го со двете раце триаголниот продолжеток на лат машината. Затегнете го вашиот долен дел на грбот и целосно испружете ги рацете.
Поставите ги колковите под држачот за нозе. Нежно повлечете го триаголниот продолжеток надолу и до горниот дел од градите.
При ова движење (на пр. во задна положба) затегнете го грбот што е можно повеќе, односно исправете се и притиснете го латимусот во оваа задна точка на вежбата така што лактите ќе ги движите надолу и назад што е можно повеќе.
Под комплетна контрола на мускулите на грбот полека вратете го додатокот на стартната позиција.
Забелешка: при влечење не правете нагли движења, ниту премногу потпирајте се наназад (макс 5-10 степен).
Грбот треба во текот на целата вежба да биде затегнат и исправен.
Кога трупот за време на вежбатае сосема вертикално од површината (подот) подобро се опфаќа надворешниот латимус, додека поместување на торзото околу 30 степени назад повеќе влијае на внатрешниот дел на латимусот.