Вода и васкуларност: врска за “изрежен” изглед

Фактот дека повеќе од две третини од човечкото тело се состои од вода, доволно зборува за тоа како оваа супстанција без која нема живот влијае на сите процеси во организмот.
Еден од нив е секако зголемување или намалување на васкуларизација односно напумпаност и видливост на вените низ целото тело.
Васкуларноста е всушност најдобар показател за телесната форма, што без мерење на индексот на телесните масти и еден поглед дава многу добар увид во состојбата, манипулација со внес на вода, тоа е важен дел од знаењето на бодибилдинг и фитнес професионалците.
Испирање токсини
Една од главните задачи на водата е чистење на токсините од телото, во таа смисла, не постои супстанца која подобро ги извршува работите од водата.
Без разлика колку се обидуваме да се храниме на здрав начин и така да живееме, токсините е речиси невозможно да се избегнат, бидејќи ги има во храната и пијалоците и во воздухот, и во козметиката, па затоа препорачаното пиењето 2 литри вода на ден е најдобра можна работа за сопственото здравје.
Подобрување на функционирањето на цревата
Огромната важност на водата за човечкото тело се гледа во фактот дека практично ни варењето на храната не може да функционира без неа.
Кога се внесува доволна количини на вода, за потребите на варување на храната, телото водата ќе ја повлече од другите органи, од кои еден е дебелото црево.
Како влажноста на овој орган со самото тоа се намалува, се јавива нов проблем, а тоа се рефлектира во затвор.
Со самото тоа се затвора целиот круг, бидејќи намален е транспортот на хранливи материи во мускулите и другите делови од телото.
Од друга страна, поголем внес на водата во телото, помага перфектно да функционира совршено а во исто време и ги намалува масните наслаги.
Препорачаната количина на внес на вода и заклучок
Со оглед на се наведено погоре ќе заклучиме дека водата има директно влијание врз физичката форма и преку голем број на фактори.
Со пиење препорачаната количина од 2 литри вода на ден, и паметно темпирање на внесот на вода во количина една до две чаши пред оброците, можно е да се дејствува за намалување на апетитот и преку догледно време да се дојде до добра форма.