ВОЗЕЊЕ РОЛЕРИ: Потрошете 420 калории за еден час!

Со доаѓањето на топлите, сончеви денови и ролерите најпосле доаѓаат на своето. Секој слободен миг искористете го за уживање на своите (најчесто) 8 тркалца, а при тоа, сем што ќе бидете на свеж воздух, ќе искористите и многу здравствени предности на овој спорт.
Сем ролањето по за тоа предвидените патеќи, искусните ролери често ѓи користат како еколошко превозно средство па се почесто може да се видат и на бетонските ногостапи по градот.
Предности на возењето ролери
Повеќето од луѓето возењето ролери го доживуваат како идеална летна активност која ги зачврствува нозете и задникот, овој спорт покрај напред наведеното може да помогне во менталната релаксација, да ја намали депресијата, го редуцира стресот и го успорува чувството на стареење.
Во денешно време често е тешко да се најде време за квалитетено опуштање.
Меѓутоа аеробната активност како што е возењето ролери дава одлична можност ментално да се опуштиме.
Ваквиот облик на вежбање ќе ве доведе во состојба на еуфорија кое популарно се нарекува “ runners high”.
Без обзир дали ќе доживеееме состојба на еуфорија или не, ролерите му помагаат на телото да го редуцира нивото на лошите хормони како што е кортизолот а го подпомага лачењето на хормонот на среќата – ендорфин.
Неговото ниво се зголемува во телото со било каква спортска активност и ни овозможува да се чувствуваме добро и да уживаме во тоа што работиме.
Сем што ни овозможува ментално да се релаксираме, возењето на ролери, бидејќи се активира целото тело, значително влијае на сите мускулни групи и зглобови, посебно на мускулите на нозете, задницата, бутините,стомакот и грбот.
Со редовната аеробна активност се подобрува издржливоста и општата кондиција, се јакне кардиоваскуларниот и респираторниот систем, а сето тоа без посебно оптеретување на кичмениот столб, посебно колената и скочниот зглоб, затоа е посебно добро и за оние луѓе кои со истите имаат било какви проблеми.
Во текот на возењето на ролерите, нозете ги буткате во страна ,со што посебно се јакнат бочните мускули на задникот, што не е случај при трчањето.
Бидејќи при возењето на ролерите ,многу е важно одржувањето на равнотежата, обавезно се активираат мускулите на јадрото (core) и стабилизаторите. Колку повеќе сте свиткани во колената, толку повеќе се активираат мускулите на нозете и на јадрото (core).
Бидејќи возењето ролери е аеробна активност, тоа е идеално за горење на калориите и топењето на мастите.
За еден час ќе потрошите просечно 420 кцал, а како секој ден ќе бидете по брзи и по спретни , така и оваа бројка со текот на времето ќе се зголемува.
Покрај сето напред наведено, се подобрува и циркулацијата што е важно за успешно отклонување на целулитот.
Но, за да навистина ѓи почуствувате сите позитивни ефекти од овој спорт, потребно е да го практицирте 3 пати неделно по еден час, а по можност и подолго.
Самата техника на возењето ролери не е премногу захтевна, релативно лесно и брзо се усвојува, пожелно е во секој момент да користите заштитна опрема, за да ги спречите повредите и да се чувствувате по сигурно.
Истотака, како и пред секој друг тренинг, така и пред возењето ролери потребно е добро да се загреете и истегнете и на тој начин да ги избегнете повредите.
Ако сте искусен во возењето на ролери, можете на ролери да работите интервални тренинзи.
На пример менувајте минута на брзо возење со минута на споро возење.
На овој начин ќе ја зголемите потрошувачката на калории и со тоа ќе му дадете додатна вредност.
Сем тоа, можете да возите ролери по леснa угорнина што ќе биде прав предизвик за вашите мускули на нозете и на задникот .
Кратки совети за почетниците
Ако сте почетник во возењето на ролери ве советуваме да почнете полека. Во почеток е битно да ја научите основната ролерска позиција, начинот како се тргнува и запира и како да одржувате баланс – рамнотежа на ролерите.
Најдобро е првите неколку часа на ролери да ги одработите со некој по искусен, кои ќе ве упати во положбата на телото, начинот движење на нозете и рацете и во техниките на запирањето.
Никако не стапнувајте на ролери без заштитна опрема ( штитници за дланките и зглобовите и кацига).
Немојте да се грижите дека ќе изгледате смешно во тој оклоп затоа што може да ви се случи да изгледате уште по смешно ако се повредите без заштита.
Пред да тргнете со ролерите обавезно е да се загреете барем десетина минути. После тоа, првите 5–10 минути полека ролајте за да ги загреете зглобовите.
Потоа подигнете го темпото на посакуваното и одржувајте го така барем 30 минути. На крајот, последните 5 – 10 минути повторно полека возете ги ролерите за да го вратите пулсот на нормала. Кога ќе се симнете од ролерите обавезно одработете го истегнувањето за да го избегнете воспалувањето на мускулите.
Немојте да го чекате утрешниот ден, појдете веднаш и чувствувајте се подобро уште денес.
Изберете некоја убава локација, повикајте ги пријателите и тргнете во акција.
Ви гарантираме врвна забава а со малку вложен труд ќе потрошите многу енергија, ќе направите многу за сопсвтеното здравје и ќе се чувствувате многу подобро.