Вообичаени грешки при употребата на пегла за коса

Повеќето жени се свесни дека пеглањето на косата е многу штетно, иако тоа денес е нормална процедура при средување на косата.
Можеби сте се обидувале што помалку да ја оштетувате косата при пеглање, но тоа не значи дека мислите на сите потреби на вашата коса.
Овие се шест вообичаени грешки што може да ги направите при користење на пегла за коса.
Мокра коса
Иако има посебни пегли за пеглање влажна коса, тоа не ви дава никаква гаранција дека вашата коса нема да биде оштетена.
Полошо е ако користите обична пегла.
Уште пред да почнете со пеглање, фино исушете ја косата и почекајте 10 минути пред да почнете со средување на фризурата.
Заштитно сретство
Пред употреба на пеглата, косата треба да ја заштитите со препарат кој е е наменет за заштита на косата од високите температури. Без тоа вашата коса брзо ќе се оштети и ќе го изгуби природниот сјај.
Јачина на пеглата
Речиси сите пегли имаат можност за прилагодување на температурата.
Избегнувајте да пеглате на најсилна температура, бидејќи на тој начин ќе ја ослабите косата а како резултат ќе добиете испукани врвови и оштетена коса видливи.
Предолго пеглање
Никако не треба истиот прамен да го пеглате неколку пати на висока температура.
Бидете сигурни дека пред пеглање, за време на фенирање што можете повеќе да ја исправите вашата коса за да што полесно и што е можно помалку да ја употребувате пеглата за коса.
Колку повеќе го пеглате истиот прамен, толку повеќе ја оштетувате косата.
Предебели прамени
Ако праменот кој сте го подготвиле за пеглење е премногу голем, топлината нема рамномерно да се распореди и како резултат на тоа ќе добиете нееднаково испеглана коса.
На овој начин ќе имате повеќе време да се задржите на еден прамен, што никако не е препорачливо.
Широка преса или пегла за коса
Пегли со премногу широка плоча тешко го достигнуваат коренот на косата. Се препорачува да користите пегла со керамичка плоча со широчина од 2,5 сантиметри.