Во храната е повеќе од половина здравје!

Здравата храна „изобилува“ во весниците, на интернет, телевизија… Треба да јадеме здраво бидејќи храната е најмалку половина здравје. Се е сјајно кога имате среќа да сакате овошје, зеленчук, риба, готвена храна, но како да живеат оние кои не се баш љубители, а не би сакале да „завршат“ поради инфаркт или некоја болест?!
Нема универзален одговор, бидејќи некои стручњаци кажуваат дека не е ни здраво да се лишуваме од она што го сакаме, бидејќи храната е задоволство, а задоволствата ги лекуваат нервите и го продолжуваат животот.
Овие две констатации- за храната како извор на здравјето и за храната како извор на задоволство, меѓусебно се контрадикторни, па некои се мачат, а други се дебелеат, со изговор дека дури држат диета паѓаат во депресија и рацете им се тресат.
Значи, за да го сочувате вашето здравје, не морате одеднаш да престанете да јадете се што вам ви е вкусно, ниту пак морате „да јадете само трева“. Тешко е да се знае од каде е теоријата дека здравата храна не е вкусна.
Всушност, ако вам ви е вкусна само пржена и слатка храна, за вас таа констатација вреди, но за повеќето, здравата храна не мора да биде синоним за невкусно.
Малку имагинација и промена на начинот на припремање на храната може да направи чудо: многу сте постигнале доколку сте одлучиле помалку да пржите, а штетните намирници не е секогаш потребно да се избегнат, туку само да се намалат.
Во принцип, вредат правилата дека луѓето кои не страдаат од висок притисок и немаат висок холестерол и шеќер во крвта не мораат радикално да се осврнуваат на оброците составени исклучиво од здрава храна.
Одредете 3-4 дена во неделата во која се храните само со храна која се наоѓа високо на пирамидата на здравата прехрана (овошје, зеленчук, риба, житарици, варено наместо печено), 2-3 дена можете да јадете и помалку препорачливи намирници (но, во мали количини), а недела или некој друг ден би било добро да го одредите за мало препуштање и уживање.
Значи, здрава личност ниту сериозно ќе се здебели, нити ќе го наруши здравјето ако еднаш неделно „згреши“, а останатите животни навики (спиење, вежбање, однос спрема проблемите) остануваат во кругот на разумно и релативно здрава количина.
Исто така, треба да се знае дека нутриционистичките совети не се секогаш контрадикторни, туку понекогаш не читаме претпазливо: во случај на редуцирана диета советите можат да бидат краткорочно прифатливи, т.е. прифатливи за нештетно симнување на вишокот килограми, додека долгорочните препораки се значајно поинакви.
Ако не сте сигурни дали јадете исправно, ќе послужи и едноставното правило дека треба да јадете што поразнолика храна (од сите групи на намирници) и храна со различна боја.
Една од честите грешки е тоа што луѓето неретко „фер“ јадат два пати дневно, а навистина не е проблем да се премине на режим со пет оброка дневно: предност, која се чини апсурдна на некои, јадете повеќе оброци за да јадете помалку.
Ако неможете никако да се помирите претежно со зготвена храна, печено може да биде многу вкусно и со скара: денес се достапни електрични скари со вода, а кои можат да се користат и во станови и за сите годишни времиња, бидејќи не димат.
Рангот на нездравото во скалилото гласи: поховано и пржено со многу масло е најголемо зло, додека печеното во печка, под услов да е припремено со многу малку масло, сепак е помалку штетно.
Ако тврдите дека здравата храна е невкусна, сте заборавиле на зачините: тие на храната и даваат неодолив вкус и поголемиот дел се користат во народната медицина како лековити билки.
Значајна калориска заштеда, но и осврнување кон здравата храна, ќе го постигнете тоа доколку „го исечете“ путерот, маргаринот, млечниот намаз, преливот за салата и додавање на павлака во текот на готвењето или во готова храна- сето наведено евентуално е дозволено само оној ден од неделата кој сте го одредиле за претерување со храна.
Не наседнувајте на приказните за штетноста на млекото и млечните производи- секогаш ви е на располагање избор на производи со мала масленост, но потполно одрекување од млекото не е препорачливо, посебно кај децата, младите и трудниците.
Големи прехрамбени проблеми не ја создаваат само храната, туку многу често и пијалоците: голем процент од пијалоците од маркетите се полни со конзерванси, вештачки засладувачи, шеќери, јагленхидрати, вишок на калории…
Водата, посебно изворската, е најдобар пијалок и треба да биде основен. Газираните пијалоци нутриционистички немаат никаква корист, а можат да бидат причина за вишок на килограми и поттикнување на многу болести.
Секојдневниот обичај на пиење кафе во нашето поднебје не е штетен само поради кофеинот, туку може да значи и извор на вишок калории и холестерол ако пиете повеќе кафе дневно со шеќер и шлаг.
Ако сами сте одлучиле да внесете подрастични промени во прехраната или пак на тоа ве советувал вашиот лекар, не правете нагли промени: телото веројатно драстичните промени ќе ги интерпретира како недостаток на храна, па луѓето се се почесто гладни ако нагло ја променат прехрамбената навика. Сите промени, па и оние на подобро, би требало да се воведуваат постепено ако докторот не рекол поинаку.