ВРЕМЕ E ДА СМЕНИТЕ ФРИЗУРА

Многу жени ја менуваат фризурата кога им се случува некоја промена во животот.
Додека некои жени туку-така ги менуваат фризурите, други се одлучуваат цел живот да носат еден ист стил кој се плашат да го променат.
Но, постојат знаци кои јасно укажуваат на тоа дека дошло време да направите нешто со вашата коса.
Врвовите ви се расцветени
Испуканите врвови се еден од сигналите дека на вашата коса под итно и требаат ножици. Врвовите пукаат кога косата долго време не е скратена.
Немате волумен на фризурата
Во денешниот урбан начин на живот, жените често немаат време да ја освежат својата коса и да нанесат хидратантна маска.
Токму тоа доведува до губење на волуменот на косата.
Освен тоа, косата без потребната нега изгледа потенка и пооштетена, и токму тоа се причини поради кои би требало да направите нешто со својата коса.
Одамна не сте експериментирале со фризурата
Доволно е да се размислите кога последен пат сте експериментирале со фризурата.
Ако не можете да се сетите кога било тоа, тоа дефинитивно е знак дека е време за промени.
Изгледате постара
Одредени фризури и бои на коса прават да изгледате многу постаро отколку што сте. Токму тогаш ви се потребни нова фризура и нова боја на коса.
Не добивате комплименти
Кога последен пат ви рекле дека косата ви е убава?
Доколку одамна не ви се случило тоа, време да размислите зошто е тоа така.
За да бидете сигурни во својата одлука, прашајте ги вашите пријатели или членови на семејството за некој совет, пред да се одлучите на некој крупен чекор.