Кој се главните уништувачи на либидото и сексуалноста?

Мораме да знаеме дека ниското либидо не е исто со импотенцијата или со „фригидноста“.
Ниското либидо лесно може да го расипе односот помеѓу партнерите и сексуалноста да је претвори во ноќна мора, бидејќи на крајот сè се сведува на извршување на брачната должност.
Секогаш советуваме разговор со партнерот, па така и сега.
Кога ќе забележите дека нешто се случува, не ги потиснувајте проблемите во позадина, бидејќи тие мораат да излезат на површината.
Најдобро е да се реши работата со разговор меѓу себе и без срам.
Пред сè мораме самите на себе да си објасниме што се случува и зошто се појавил проблемот.
Знаете и самите дека сексот не започнува кога ќе се соблечеме, туку многу пред тој чин – во главата.
Ова се уште некои ситуации кои можат да влијаат на вашето либидо:
-Проблеми со самодовербата
-Стареење
-Лекарства
-Психички и физички проблеми
-Лоша исхрана
-Алкохол и цигари
Како да знаеме дека либидото ни е ниско и што треба да направиме?
Знаците се очигледни: ретко или воопшто не помислувате на секс.
Помислата на секс не ви претставува ништо, не чувствувате возбуда и познатите „пеперутки“ во стомакот.
Сè друго ви е поважно, работата, пријателите, приготвувањето ручек.
Не се работи само за губење на желбата за допир од партнерот, туку и за тоа што себе си веќе не се гледате како сексуална личност.
Пред да посетите лекар, размислете за факторите кои ги наведовме и дали некој од нив влијае на вашиот секојдневен живот, како и за тоа дали се гаси вашето либидо.
Ако е така, тогаш пред сè ви треба партнер полн со разбирање, кој ќе ви помогне да ја надминете кризата.
Главни уништувачи на либидото!
Половиот нагон е непредвидлив, во еден момент е на врвот а во најлошиот како да изумрел.
Причини за тоа има неколку:
Лоша емотивна поврзаност
Нерешените проблеми во врската се еден од најчестите непријатели на сексуалниот нагон.
За да има сексуална желба важна е емоционалната блискост. Караниците, слабата комуникација, недостигот на доверба, можат да го намалат либидото.
Алкохолот може да ве поттикне за секс, но може и да се покаже како главен виновник за падот на либидото.
Доколку чувствувате недостаток на сексуална желба вашиот проблем може да се крие во недостатокот на сон.
Премалку сон предизвикува замор, а заморот ја поткопува сексуалната желба.
Тековните обврски и Живот
Децата и работата нема да го убијат вашиот сексуален живот, но можат да го ослабнат либидото.
За тоа не е виновен никој, тоа е едноставно животот!
На крајот на денот, кога би посакале да бидете интимни со партнерот сè се сведува на тоа да заспиете штом ќе ја спуштиме главата на перница.
Брачните партнери треба да бидат свесни дека сексуалниот живот е важен фактор за нивниот однос и дека, за жал и во него мораат да вложуваат малку повеќе време и труд за да функционира како што треба
Стрес и грижи
Ако животот ви се состои од повеќе стресни ситуации и стравови, сексот сигурно во вашиот живот не претставува важен фактор.
Како да водиме сметка за либидото, ако по цел ден се грижиме за тоа како да го отплатиме кредитот или како да купиме основни животни намирници.
Советот на стручњакот е да вежбате така што таквите проблеми ќе ги оставате настрана, а не на прво место.
Обидете се да издвоите време за нив само кога ќе размислувате за проблемите кои ве мачат а остатокот од времето едноставно живејте си го животот со партнерот.