Глукозамин и Хонтроитин

На кратко: за ефективна заштита на зглобовите изложени на интензивен дневен тренинг!
Глукозамин сулфат – компонента на ‘рскавицата, му помага на телото да произведе синовијална течност многу важна за подмачкување на зглобовите и – протеогликани – големи молекули кои ги апсорбирата ударите инаку се наоѓаат во’ рскавица.
Нашите зглобови се изложени на високи напори.
Интензивен тренинг со тежини, телесната тежина, седењето, погрешно држење на телото, разни видови на спорт и рекреација кои ги оптоваруваат зглобовите (фудбал, сквош) се главните причини за оштетување на зглобовите.
Се препорачува меѓу другото, за спортистите кои интензивно се занимаваат со физичка активност, кај превенција и настанок на спортски повреди, воспаление на зглобовите (артритис) и други состојби.
Глукозаминот е природно средство од школките и раковите што ја стимулира регенерацијата на ‘рскавицата и ја одржува флексибилноста на зглобовите.
Со тоа значително придонесуваме за амортизација и лизгачката активност внатре во зглобовите.
Самиот Глукозамин е природна материја која во нашето тело се произведува од глукоза и амино киселина на глутаминот.
Со текот на годините, можноста за негово создавање се намалува (а можеби и со намалена пенетрација на гликоза во периферните ткива) се намалува и регенерација на ‘рскавица.
Глукозаминот е главен елемент на мукополисахаридите (како што се глукозамингликаните и протеогликаните) кои ја формираат основната структура на коските, ‘рскавицата, ноктите, кожата и косата.
Со внесување на глукозамин од надвор и зголемување на неговото количество во телото се зголемува активноста на хондроцитите.
Глукозаминот делува како сунѓер, ја навлекува течност во мрежа на ‘рскавицата.
Течноста уклопена во ‘рскавицата ги извлекува хранливи материи од околните коски и ткива и ја снабдува рскавицата со хранливи материи и така помага да се регенерира’ рскавицата.
‘Рскавицата на зглобовите нема сопствено снабдување со крв, па нејзините потреби мора да се снабдуваат од околните ткива.
Хондроитинот е поголема молекула од глукозаминот и поради тоа далеку помалку се апсорбира од глукозаминот.
Која е нивната улога?
1. Глукозаминот и Хондроитинот се основните компоненти на протеогликаните.
2. Протеогликаните обезбедуваат рамка за колаген и врзуваат доволно вода, еластичен слој кој делува како лубрикант и амортизер и ја штити рскавицата зајакнувајќи ја флексибилноста и отпорноста на притисок која е неопходна за да се спротивстави на физичкиот стрес.
3. Глукозаминот исто така ја инхибира деградацијата на протеогликаните и ја стимулира нивната синтезата.