Грејпфрут – извонреден извор на витамини и минерали

Грејпфрутот е дефинитивно најздравиот начин за да го започнете денот.
Ова големо, тркалезно, жолто цитрусно овошје со сочна пулпа и слатко-горчлив вкус, би можело да ве одведе и во здрава зависност.
Грејфрутот е извонреден извор на витамини и минерали кои се добри за слабеење а содржи и многу материи што помагаат во борба против ракот.
Грејпфрутот е богат со витамин Ц, го јакне имунолошкиот систем и помага при намалување на симптомите на настинка.
Лесно е достапен и многу популарен.
За оние кои пијат алкохол и еден интересен податок – популарниот пијалок на Јамајка и на Карибите – Тинг сода се прави од екстракт на грејпфрут и го намалува холестеролот во крвта.
Инаку ова овошје е откриено на Барбадос во 1750 година и го добил името „забрането овошје на Барбадос“.
Во 18тиот век луѓето зборувале за чудесниот цитрус од Јамајка кој не бил популарен поради горчливо-киселиот вкус.
Листовите биле користени како украси а името (grape) го добил затоа што расте во гроздови како грозјето (grapes).
Постојат жолти, црвени и розеви плодови.
Црвените боја која најмногу ги привлекува мажите најмногу и придонесува за нивното здравје затоа што ги спречува проблемите со простатата а велат и дека е како природна виагра.
Секој дел од грејпфрутот има свои предности.
Екстрактот од семките обично се користи како анти-бактериски лек, лушпата може да биде корисна во лекувањето на акните и мрсната кожа, а пулпата е одличен третман за инфекции на уринарниот систем.