Губење на тежината со помош на одење: Дали е можно?

Широко е распространето мислењето дека одењето нема и не може да има сличен ефект врз целокупната кондиција и Намалување на телесната тежина како што е случај на пример со трчањето.
Сепак, добро размислете окулу оваа констатација бидејќи одењето е една од физичките активности.
Основа на здрав живот е тоа што повеќе ќе се избегне режим на мирување, што од здравствена гледна точка има катастрофални ефекти врз човечкиот организам.
Секој физичка активност па дури и оние најмалите активности на телото оставаат и имаат позитивен ефект.
Буквално во секое движење, дури и движењето на усните, прстите и за се друго е потребно е енергија а енергијата се користи благодарение на согорувањето на калории.
На пример, половина час темпо на брзо одење има потрошувачката на гориво или калории во износ од 150 и повеќе.
Одлична работа е бидејќи можно е и само со одење да го достигнете саканиот калориски дефицит кој води до слабеење.
Математиката е многу едноставна, на секое тело во текот на денот му требаат одреден број на калории за одржување на иста тежина, па ако од тој број, барем малку помалку внесете во текот на денот, или ако согорите дел од нив вежбајќи, на пат сте кон губење на тежината односно слабеење.
Експертите препорачуваат износ од околу 500 калории помалку од обично и одење најмалку 30 минути со малку побрзо темпо.
Оваа комбинација, што не е воопшто тешко изводливо треба да биде доволна за да започне процесот на намалување на телесната тежина и враќање во посакуваната форма.
Кога овој дел ќе го завршите, треба да продолжите со малку посилна физичка активност, се додека не стигнете до вежби со тегови, кои се далеку најефикасен начин на согорување на калориите.