Дали вашата партнерка мастурбира?

Иако се знае дека мажите почесто мастурбираат, бевме заинтересирани за тоа дали и до кој степен тоа го прават нивните партнерки?
Ние спроведовме студија во која беа вклучени 200 девојки од 18 до 40 години за да одговориме на ова прашање.
Во прилог на прашањата ” дали мастурбирате? ” испитаничките одговориле на прашањето “и колку често го прават тоа ”, ” дали вашиот партнер знае за тоа и многу други прашања. ”
Резултатите од истражувањето можеби ќе ве изненадат, но она што се очекува е дека со возраста дамите помалку мастурбираат.
На овој начин највеќе уживаат тинејџерките а најмалку најстарите учесници на оваа студија.
Девојките на возраст од 18 и 25 години редовно мастурбираат, во просек 2 пати неделно, но имало и случаи каде тие тоа го прават секој ден и не кријат дека уживаат во тоа.
Девојките кои немаат партнери тоа го прават почесто, додека другите повеќе сакаат да уживаат со нивниот партнер оотколку сами со себе.
Кај дамите кои имаат меѓу 26 и 33 години, ситуацијата е поинаква.
Овие дами мастурбира во просек, помалку од еднаш неделно (или околу 3 пати месечно) а просекот го расипуваат мажените испитанички.
Она што ќе ве изненади е дека околу 15% на кандидатките и покрај нивните сопрузи и редовниот секс мастурбираат почесто од еднаш неделно, а 3% од испитаничкте го прават тоа речиси секој ден, иако тие имаат сопрузи.
Нашата најстара учесничка на анкетата вакви навики практикува многу ретко. Дали е тоа затоа заради нејзиниот сопруг, презаситеност или нешто друго, не знаеме, но тие уживаат, во просек, само еднаш неделно.
Од сите учеснички само 1% одговориле дека не мастурбираат. Дали е тоа искрен одговор или срамот ги совладал никогаш нема да дознаеме, но она што е сигурно е дека скоро сите припаднички на поубавиот пол мастурбираат.
Сега знаете, без разлика колку сте добри во сексот многу веројатно е дека вашата дама мастурбира редовно.
Редовниот секс сигурно ќе ја усреќи и евентуално ќе ја намали нејзината желба да мастурбира, но дека сосем ќе ја победи многу тешко.