Дали знаете како едноставно да го забрзате метаболизмот?

Зошто некои луѓе можат да јадат скоро се, а не се дебелеат премногу, а други иако внимаваат на исхраната, никако не можат да се ослободат од прекумерното сало или уште повеќе се дебелеат?
Одговорот најчесто може да се побара во еден збор: МЕТАБОЛИЗАМ или изменување на сустанците во организмот. Оние со брз метаболизам можат да си дозволат повеќе храна, повеќе масти, повеќе јагленхидрати и нема да се здебелат. Останатите несреќници ќе се здебелат дури и на самата помисла или поглед на некоја храна (барем така кажуваат..нели?!).
Да, тоа е многу сериозен проблем на повеќето луѓе- бавен метаболизам. Колку пати сме слушнале дека некој потрошил пари на различни рекламирани чаеви, таблети или скапи диети, симнал/а неколку килограми и затоа по завршувањето на терапијата повторно почнал/а да се дебелее.
Тоа е чест случај со скоро сите диети, а особено ако имате слаб и бавен метаболизам, тој ефект стручњаците- нутриционисти го нарекуваат ЈО-ЈО ефект.
Тоа значи, се враќа масното ткиво кое е изгубено и дури можеби да добиеме и некој килограм повеќе. Едноставно, нашето тело се бори за залихи и не стигнува да ја употреби целата храна која ја внесуваме за изградба на мускулна маса или енергија.
Со намалување на внесот на храната, не сте постигнале многу, бидејќи сега механизмот во телото „знае“ дека ќе добие помалку храна (и поретко), и сега пробува да креаира уште повеќе залихи и така во круг без некој траен ефект; слабееме и се дебелееме, па повторно во недоглед и години без прав и постојан ефект.
Сега на тоа би требало да дојде крај, научниците докажаа дека метаболизмот може да се забрза за 95% кај луѓето, а сега ќе покажеме како тоа можете да го изведете без купување било какви артикли, помагала, таблети, прашоци итн. Значи, потполно бесплатно. Ќе согорувате калории дури и кога спиете.
Советите вредат еднакво како за девојки и за жени кои сакаат да ги намалат килограмите, така и за сите бодибилдери кои сакаат изразени мускули без вишок на сало.
Секако, тоа не значи дека сега ќе јадете брдо храна и воедно ќе слабеете. Секогаш е потребно да се храните квалитетно и да го урамнотежите внесот на протеини- јагленхидрати- масти, но тоа е друга тема.
Еве, конечно неколку совети како да го забрзате метаболизмот и да ги согорите непотребните масти, а телото да го присилите на престанок на складирањето и таложењето на салото:
1. Голема грешка на повеќето луѓе е тоа што немаат време за јадење и јадат еднаш или двапати дневно. Тогаш обично внесуваат повеќе храна повеќе од што е потребно.
Телото е свесно за тоа, тоа знае дека никогаш не е сигурно кога ќе стигне следниот оброк. Бидејќи телото подеднакво троши енергија преку целиот ден, мора секогаш на располагање да има доволно залихи, ако нема редовен внес на храна, тогаш телото е присилено да прави залихи.
Нема посебни залихи за протеини, јаглехидрати, телото едноставно се претвара во масти и се таложат на телото.
Тоа е одбрамбен механизам, инаку брзо би се разболеле и нашите мускули би биле неподвижни, би биле константно уморни и безволни, телото би изгубило снага и енергија. За да го спречиме тоа, мораме на телото да му дадеме доволна количина на балансирана исхрана и редовни оброци.
Затоа јадеме 5-6 мали оброка дневно. Покрај тие главните, додаваме 2-3 помали, како на пример, некој протеински напиток или сендвич. Набрзо телото ќе сфати дека не треба да создава залихи, бидејќи секогаш има доволно за изградба, енергија и останато.
2. Ако сакаме покрај тоа, да ја забрзаме потрошувачката на наталожените залихи (салото), јадеме храна со помалку јаглехидрати или уште подобро, да го намалиме внесот на само 10-15% од вкупните калории.
Еве зошто, телото за енергија секогаш троши прво јаглехидрати, ако ги нема доволно, троши масти, ако и нив ги нема доволно посегнува по залихите во телото, а баш тоа сакаме и да го постигнеме.
3. Правете аеробни вежби рано наутро, одете на трчање, возете велосипед и слично и правете го тоа што поредовно,за да огранизмот навикне на активностите.
4. Вежбајте со тежини, направете си неделен план за тренинг со тегови (можете да посетувате фитнес центар или во најлош случај, можете и дома доколку имате тегови) 2-3 пати неделно тренинг со тежини и одбрани базични вежби ќе направи поместување во забрзувањето на метаболизмот, телото, односно, организмот ќе знае дека мора да ја надокнади изгубената течност, јаглехидратите и мастите и со тоа изградбата на протеините во мускулното ткиво ќе порасне, а складирањеро на мастите и јаглехидратите како енергетска залиха драстично ќе се намали.
Ова се докажани начини како да го забрзаме метаболизмот, односно, да градиме протеини во мускулното ткиво без непотребни масни залихи на телото.
Можеби ќе помине некое време додека организмот се привикне на таков режим и додека почне да ви “верува”, кај некој тоа е пократко, а кај некој малку подолго време, но бидете упорни и наскоро ќе имате брз метаболизам, а со тоа и поздрав живот во многу поубаво тело.