Дали ни се потребни вештачки засладувачи?

Некои испитувања покажале дека човекот се раѓа со потребата за слатки.
Понатака се покажало и дека таа потреба може да се задоволи и со други средства, а не само со шеќери.
Многу работи од природата, а меѓу нив и некои отрови имаат сладок вкус.
Времето на шеќерот како средство за засладување се повеќе поминува, највеќе поради непотребните калории и кариесот кај децата, додека вештачките засладувачи се повеќе влегуваат на голема врата во нашиот секојдневен живот како многу солидна ниско калорична замена.
Доживувањето на слаткото (како и соленото) индивидуално, е својство на секој поединец, тоа што е за вас многу слатко, за некој друг може да биде недоволно!
Додека шеќерот е намирница, вештачките засладувачи се адитиви без калориски вредности или со симболична содржина на енергија.
Пред да почнеме, еве една важна дефиниција; хранливите засладувачи како шеќер, мед, сируп, аспартам се оние намирници кои влегуваат во метаболизмот на човекот и имаат енергетска ввредност и слаткаст вкус, а нехранливите засладувачи се сите оние други материи за засладување кои се користат за засладување, а не за влез во метаболизмот на човекот (сахарин, цикламати итн.).
За шеќерот како намирница се имаме наслушано на секакви имиња и називи, а последните десет години се користи атрибутот “бела смрт”.
Тој е рафинирана намирница која освен за сладост исто така носи и непотребни калории, кој е типичен индустриски производ кој се добива од екстракција на шеќер од шеќерна репка и шеќерна трска, но сите обвинувања, освен оние за кариесот – се измислени!
Исто така, потполно се неосновани обвинувањата дека сахарозата предизвикува шеќерна болест, кардиоваскуларни болести вклучувајќи срцев удар, дебелина, хипогликемија, хиперактивност кај децата итн.
Темелни испитувања вршени на конзумирачкиот шеќер кои се направени во 80-те години во САД, резултирало со реакции на моќната FDA (Администрација за храна), со соопштение дкое вели: “освен за кариесот кај децата, нема никакви докази дека шеќерот како намирница претставува било каков здравствен ризик во случај на конзумирање во нормални количини и на вообичаен начин”.
Поради лошиот имиџ на шеќерот, вината ја превземаа и сите оние намирници со сладок вкус, каде што шеќерот е една од состојките (колачи, бомбони, напивки итн.).
Шеќерот и понатаму останува намирница која треба да се избегнува.
Тоа е типичен случај каде што науката (врз база на аргументи) покажува едно, а луѓето веруваат во нешто сосема поразлично!
Вештачките залсадувачи влегуваат на голема врата
Пред десет години никој (освен во краен случај) не сакаше да користи вештачки засладувачи, под мотото дека се работи за “чиста хемија”.
Сега таа хемија толку се има вдомено така што се наоѓа на секоја каса во самопослугите, секој човек во локалните кафулиња го засладува кафето со таблети, а не шеќер.
Поради таа причина коцките шеќер ги снемува од пазарот, кои некогаш беа нормален дел од секојдневните состојки на секоја домаќинка.
Како и да е, вештачките засладувачи дефинитивно доминираат како на нашата маса, така и за нашиот желудник.
Ни треба слатко без калории и тоа е главната предност на замената за шеќерот, а се работи за замени кои со време би можеле потполно да го избришат својот пример- шеќерот!
Првиот вештачки засладувач кој има многу чудна судбина е сахаринот, кој на сцената се наоѓа преку 100 години, и кој засладува околу 200 пати повеќе од шеќерот и кој има свои големи подеми и падови. Меѓутоа, и денес можете да го најдете во аптеките!
Откриен е далечната 1879 година и претставува органска компонента добиена со синтеза на нафтата.
Ако некој живеел добро, тогаш живеел од производството на сахарин се до моментот кога биле објавени резултати на канадски испитувања кои покажале дека наводно предизвикува тумори на мочниот меур кај стаорците.
И тогаш настапува права катастрофа, јавни одбегнувања на сахаринот, кој траел десеттина години!
Секако, биле погодени и оние посебни категории на потрошувачи кои поради болести морале да го користат овој засладувач секојдневно.
Но, за чудо, други истражувања ги анулирале оние претходните, па е утврдено дека сахаринот користен во нормални количини како засладувач не е штетен по здравјето на луѓето и кој се појавува како птица феникс, но сега во комбинација со цикламати (однос 1:100), како би се избегнало незгоден “метален” вкус.
Значи, после првите 50 години од животот, пристигна новата ”младост” на сахаринот.
Цикламатите дошле значително подоцна (1937 година), а и по слаткоста заостануваат, кои се околу 30 пати од шеќерот.
На пазарот на САД се појавиле во педесеттите години на минатиот век во газираните пијалоци и диететските производи, но комерцијални успеси немале се додека не се искомбинирале со сахаринот.
Паранојата на “хемиска контаминација” која ја зафатила САД, довела до обвинувања на сметка на цикламатите кои се многу слични како оние за сахаринот, т.е. предизвикуваат рак. Тоа било доволно да под притисок јавноста ги тргне од листата оние адитиви кои се препознатливи како сигурни (GRAS).
Аспартамот ја промени слатката визија
Кога станува збор за вештачките засладувачи, долго време не можело да се направи никаква споредба, бидејќи сахаринот бил осамен јавач на хоризонтот, со појавата на аспартамот се се изменило, т.е. сме дошле до сознание дека замената за шеќерот може да биде без никакви негативни сензации во устата.
Аспартамот е откриен во САД релативно касно, односто во 1965 година, и многу долго чекал комерцијална промоција, се додека се појавиле негативните мислења за сахаринот.
Аспартамот се состои од две аминокиселини од фениаланин и аспартата која дава слаткост и чија сила се проценува на 220 пати повеќе од шеќерот.
Аспартамот за разлика од цикламатите и сахаринот претставува намирница, а не адитив, бидејќи во организмот се разложува како и сите останати аминокиселини.
Спрема тоа тој има и енергетска вредност, но поради високата застапеност на слаткоста, неговите калории може да се занемарат.
Друго ограничување се однесува на фенилкетонур, т.е ретка болест кај која аспартамот не смее да се користи бидејќи може да дојде до несакани последици.
Поради тоа на пакувањето со таблетите аспартам стои соодветно предупредување, кое што истото мора да стои и на сите други намирници кои се засладени со овој засладувач.
Според тоа, сстанува фактот дека аспартамот е дозволен за здрава особа како засладувач со универзална намена (прав, апчиња).
Најчесто се користи таблетната форма, така што една таблета заменува лажичка шеќер. Човекот прави се за да ја задоволи силната потреба за благо.