Дали сме свесни за присуството на адитивите во исхраната?

Истражувањата за прехранбените адитиви укажуваат на тоа дека нивната интеракција во телото може да влијае на развојот на нервниот систем кај децата.
Научниците на ливерпулскиот универзитетот вршеле лабараториски испитувања за можен токсичен ефект на нервните клетки на следните коктели: аспартам, натриум глутамат, боја брилијантно сина и кинолин жолта боја.
Наодите се објавени кон крајот на 2005 во списанието “Токсиколошките науки” (“Toxicological Sciences “): Кога глувците биле изложени на концентрација на овие хемикалии во количества што можат да се најдат во крвта на детето по вообичаено конзумирањена на индустриските слатки и грицки, увиден е застој во растот на нервите ќелија и блокирање на сигналот на нервните импулси.
Студијата заклучува: “Комбинацијата на овие адитиви е потенцијално потоксична отколку што може да се предвиди од збирот на нивните индивидуални ефекти врз нервниот систем.”
Изложеноста на адитивите во ихранатата е поврзано со хиперактивност и недостаток на внимание кај децата.
Иако поединечни адитиви се дозволени за употреба во индустријата за храна, само во комбинација имаат ефект при внес во организмот.
Иако прехранбените бои генерално се сметаат за безбедни, брилијантено сина (E133) е забранета во неколку европски земји.
Quinlin жолта (E104) е забранета во Австралија, Норвешка и САД. Некои претходни истражувања покажаа дека натриум глутамат (E621) и Аспартам (Е951) делуваат невротоксично.
Агенцијата за стандардизирање на храна (The Food Standards Agency) во моментов ги финансира понатамошните истражувања кои што треба да обезбедат дополнителен увид во комбинираните ефекти на прехранбените адитиви.
Неприродни бои – Знак за претпазливост
Голем број на слатки,солени закуски и пијалаци во исхраната содржат адитиви кои што имаат сомнителен и неиспробан ефект врз децкото тело.Нивната цел е главно од козметичка природа – да се направи попривлечен производ,додека најчесто на детскиот организам му ги скратува хранливи материи: таквата исхрана е богата со хидрогенизирани масти, шеќер и сол наместо со витамини и минерали содржи само прехрамбени бои и ароми.
Брилијантно сина, хинолин жолта и други бои се обично се наоѓаат во слатките и газираните пијалоци.Натриум глутамат надвор е забранет за употреба во храната за бебиња, но може да се најде во повеќето готови и полуготови храна, во солените закуски и преработени сирења.
Аспартамот се користи во диеталните пијалоци,слатки,десерти и разни лекови.
Веќе подолго време родителите забележуваат промени во начинот на однесување кај децата поврзано со конзумирањето на храна богата со растителни бои. Долги години моќниците во прехранбената индустрија и владините претставници ги отфрлуваат овие тврдења од здруженијата на родителите како неосновани бидејќи биле поткрепени со докази.Од друга страна и нивните тврдења за нештетност на адитивите е исто така без докази.
На нивна иницијатива владата на Велика Британија финансираше истражувања на бои и конзерванси во ихраната и нивното влијание на промените во однесувањето на децата.
Хиперактивноста кај децата може да се избегне
Група од 277 тригодишени дечиња учествуваа во студијата во која две недели беа изложени на овошен сок со 20 mg на додадени вештачки бои (E102, E110, E122, E124) и 45 mg на конзерванс (E211). Наредните две недели тие добија плацебо – сок кој го има истиот изглед, но без адитиви.Родители морале да ги бележат сите промени во однесувањето. Анализата на резултатите потврдила хиперактивно однесување кај децата како последица на конзумирање на бои и конзерванси (натриум бензоат) кое што било јасно идентификувано од страна на нивните родители.”
Истражувачите заклучиле:
Кога од исхраната би се отстраниле проблематичните адитиви тогаш хиперактивноста кај децата би се намалила од едно на шест деца во едно на седумдесет.Исто така заклучуваат дека таков потег би бил од корист не само за децата кои што покажуваат знаци на хиперактивност туку и за другите деца кои што патат од разни (неидентификувани симптоми) како што се алергиски реакции.
Резултатите од истражувањето треба да ги поттикнат родителите од целиот свет само од Австралија,САД,Норвешка и Данска да бидат земјите што се грижи за развојот и здравјето на децата со тоа што ги имаат забрането за употребата проблематични адитиви. Најчесто образложение со кое се брани правото за употреба на адитивите во детската храна и слатки е дека тие се токсиколошки безбедни-па нема проблем.
Но промената во однесувањето и различните нетипични алергиски реакции кај децата се нашто што токсиколозите очигледно го немаат испитано.Испитувањата на агенцијата за стандардизирање на храната се состои во тоа да провери дали адитивите се додаваат во количина законски дозволена однодно дали се наоѓа на пакувањето-ако регулативите на земјата воопшто дозволува прехрамбените адитиви да се декларираат!
Се до доаѓањето на подобри денови за децата,родителите треба да обрнат внимание на исхраната на своите деца.Да користат свежо овошје и зеленчук, да готват дома, да избегнуваат готова, полу-готова (конзервирана) исхрана и едукација на децата од најрани денови да не дозволат индустриското консумирање на слатки и грицки.Да ги сведат артиклите на минимум за здравјето на своите деца,вели Жељко Лукешич.Не помалку важно е да се обрне внимание на декларацијата на артиклите и обавезно да се цита составот ако на него пишува недефинирани зборови како бои и ароми односно адитиви. Доколку содржи адитиви обрнете внимание и не ги земате производите кои содржат:
Тартразин (E102)
Кинолин жолта (E104)
Зајдисонце жолта (E110)
Carmoisine (E122)
Ponceau (E124)
Брилијантено сина (E133)
Натриум бензоат (E211)
Аспартам (Е951)