Дали сојата е корисна или штетна ?

Се поголемата примена на сојата во исхраната произлегува нужноста за запознавање со можните штетни последици од нејзиното конзумирање.
Сојата во минатото како дел од исхраната била позната воглавно само во азиските земји, бидејќи нејзините ферментирани производи бокати со белковини ја дополнувале храната базирана на ориз.
Но, благодарение на релативно евтиното производство и состав (протеински најбогато растение), ова мешункасто растение се прошири на сите континенти и нејзините производи (или поединечни изолати) најдоа широка примена во човековата исхрана.
Денес на пазарот се наоѓаат голем број на прехранбени производи кои содржат соја.
Од корисни до непосакувани состојки
Покрај споменатата релативно голема количина на протеини, сојата содржи многу кориси омега 3 масни киселини и цела низа на растителни корисни состојки(т.н. фитонутриенти).
Прогласувањето на сојата како вредна прехрнбен продукт со антиканцерогени својства и елементи кои го намалуваат штетниот холестерол во крвта (LDL) делумно е засновано на одредени сегменти на научни истражувања, а делумно на маркетингот на денес силната индустрија за производство на соја.
Но, покрај корисните состојки, сојата и нејзините производи содржат релативно голем број за човекот неповолни и опасни состојки, кои можат сериозно да го загрозат вашето здравје.
За таквите неповолни чинители на сојата премалку се зборува во јавноста, па затоа мораме да ги предупредиме оние кои ја консумираат.
Најчести употребувачи на сојата се вегетаријанците (поради дефицитот на протеини во нивната исхрана), но бројот на корисници секој ден расте, бидејќи многу соини производи како изолати се додаваат во индустриската храна.
Неповолните состојки во сојата можеме да ги поделиме на две главни групи:
• Неповолни состојки во семето на сојата
• Неповолни состојки на изолати т.е. производи издвоени од сојата
Неповолни состојки во семето на сојата :
1. Питична киселина (во облик на питат)
2. Инхибитори на ензими во дигестивниот процес
3. Хемаглутинин
4. Изофлавини
5. Генетски модифицирани видови на соја
6. Хермициди и Пестициди применети во нејзиното производство
Питичната киселина е токсична состојка која во сојата се наоѓа во облик на питат. Присутна е во лушпата на сите семиња и мешункасти растенија, но не во толкава количина како кај сојата и во различен облик.
Соиниот питат е многу отпорен на техниките на редукција, како што е долгото и умерено варење, кое е дозволено кај останатите мешунки.
Семето од соја содржи силни инхибитори на некои ензими, како трипсин, кој е неопходен за варење на протеините.
Вообичаеното варење не ги деактивира тие “антинутриенти”, кои можат да предизвикаат сериозни желудочни пореметувања, намалувајќи го разградувањето на белковините а со тоа ставајќи го организмот во хроничен недостаток од аминокиселини.
Хемоглутинин е состојка на семето од сојата која во крвта промовира производство на супстанција која ги залепува крвните зрнца, што оневозможува правилна апсорпција на кислородот и негова дистрибуција низ ќелиите во телото.
Најконтроверзни состојки на семето од соја се изофлавините (фитоестрогени), како генистеин и даидсеин.
Генистеинот се промовира како инхибитор на тирозин киназата, важен ензим во процесот на користење на есенцијалните аминокиселини во мозокот, чие дејство е особено важно за функција на тироидниот хормон и многу друфи функции на организмот.
Влијанието на изофлавинот во намалување на функцијата на тироидната жлезда предизвикува развој на хипотиреоза.
Бидејќи функцијата на тироидната жлезда е од големо значење за развојот на мозокот кај деца во најрана возраст, а особено во првите 12 недели бременост, претерано консумирање на сојата и нејзините производи за време на бременоста може да предизвика штета во развојот на мозокот и пореметување на репродуктивните органи.
Некои истражувања кај деца покажаа дека при употреба на две чапи соино млеко на ден концентрацијата на фитоестроген во крвта станува екстремно висока (13.000 до 22.000 пати повеќе од природната концентрација на човековиот хормон естоген во тој период).
Иако дејството на фитоестрогенот е речиси 1000 пати послабо од естрогенот, сепак неговите концентрации се премногу големи.
Истражувањата исто така покажуваат дека фитоестрогенпт кај возрасни луѓе предизвикуваат деменција.
Се покажало дека мажи кои консумираат тофу (производ од ферментирана соја) барем два пати неделно во тек на 30 години имаат неповратни оштетувања и смалувања на волуменот на мозокот, што е еквивалент на приближно пет години постар мозок.
Покрај сето ова, веројатноста за појава на алцхајмеровата болест кај овие лица расте за 2,4 пати, како и веројатностаза Паркинсонова болест и депресија.
Како овие фитоестрогени можат да му конкурираат на естрогенот, тие кај жените го инхибираат природниот естроген, а кај мажите ензимската активност ароматаза, која го претвара тестотеронот во естрадиол.
Со сето ова фитоестрогените ја нарушуваат суптилната хормонална рамнотежа, предизвикувајќи бројни пореметувања.