Дали сте запознаени со симптомите на срцев удар?

Силен притисок во градите е еден од најпознатите симптоми на срцев удар на кои мал број на луѓе реагираат, освен оние кои страдаат од болести на срцето.
Една третина од пациентите со срцеви заболувања воопшто не чувствуваат болка во градите и го одложуваат одењето во болница, несвесни за други симптоми.
Некои срцеви напади се ненадејни и силни а други почнуваат полека со блага болка и непријатно чувство.
Често луѓето не се сигурни дека нешто не е во ред со нив па затоа на време тие не бараат лекарска помош.
Дури и ако не сте сигурни што укажуваат симптомите, одете на преклед кај лекар и тоа што е можно побрзо.
Важна е секоја минута! Брзата акција може да ви го спаси живот.
Затоа, не чекајте повеќе од пет минути пред да одите на лекар ако ги забележите некои од овие симптоми на себе:
Непријатност во градите
Голем број на срцеви удари вклучуваат непријатност во градите која трае повеќе од неколку минути или се појавува во интервали.
Оние кои ги погодува, чувствуваат силен притисок и болка во градите.
Непријатност во горниот дел од телото
Симптомите вклучуваат болка или непријатност во една или двете раце, грбот, вратот, вилицата и стомакот. Болките во грбот и вилицата се почести кај жените.
Задишаност
Може да се јави сама по себе или заедно со горенаведените симптоми. Овој симптом е почест кај жените.
Препотување
Појава на ладна пот.
Вртоглавица и гадење
Жените често имаат неспецифични симптоми кои се придружени со необјаслив замор.