Дали сте запознаени со сите квалитети на туната?

Можеби туната е малку запоставена во нашата исхрана, но бодибилдерите ширум светот се воодушевени од оваа одлична, немасна риба која е во нивната секојдневна исхрана и тоа не е без причина.
Еве зошто; во 100 грама туна има скоро 30 грама протеин, највеќе 1 грам на јагленихидрати и исто толку или дури и помалку масти, вкупно само 120 калории.
За споредба, на пример, 8 белки од јајце има иста количина на протеини, но и 160 калории.
Туната во масло можете добро да ја исцедите и оставите на хартиена салфета, така што маслото ке упие и со тоа ќе ги намалите мастите за отприлика 70-80%.
Тогаш можете да ја користите како надополна во исхраната кога имате тренинг наменет за мускулна маса, бидејќи маслото е најчесто маслиново и содржи важни есенцијални масти киселини во кои се содржат некои витамини и кои помалку дебелеат од останатите билни масла или мастите од животинско потекло.
Туна во вода можете да конзумирате дури и два пати дневно како дел од комплетен оброк или како меѓуоброк.
Еве неколку примери т.е. рецепти како можете лесно и брзо да припреминте туна на повеќе начини:
1. Наједноставно е да направите сендвич.
Туната ја ставаме на интегрален или црн леб и додаваме малку бибер и буковка и неколку парчиња свеж зеленчук по избор (пиперка, домати, краставица, салата итн.).
Одличен протеински меѓуоброк кој лесно можеме да го понесете во училиште или работа, кој содржи поволен биланс на протеини и јагленихидрати за лесна сварливост и надополна на енергија во текот на денот.
2. Салата од туна.
Згответе 200 грама мешан зеленчук (готови мешавини можете да купите секаде), ќе измешате со една конзерва туна и ќе изрендате сирење, по желба посолувате и додавате кечап или пармезан.
3. Сендвич со риба.
Потребни се 3 конзерви туна, 2 цели јајца и 4 белки, 80-100 грама зготвен ориз и трошки од леб (уште подобри се снегулки од соја) и сол, бибер, оригано. Сето тоа добро промешајте го да се добие компактна смесакоја можете да ја обликувате во топчиња.
Топчињата потоа ги притискате со дланките да добиете облик на плескавица или хамбургер и кратко ги пропржуваме во тефлонска тава (без масло).
Добивте оброк кој може да се комбинира со зеленчук или да се јаде во сендвич.
Можете да направите и повеќе парчиња кои ќе ги замрзнете и потоа со тоа имате брзо припремен оброк кој само малку треба да го ставите во микробранова печка и е спремен.
4. Паштета од туна.
Измешајте еднаква количина на свежо, кравјо сирење и туна, додајте малку сол, буковка, бибер, (или некој зачин по желба) и сето тоа заедно добро измиксајте го во блендер или со миксер за да добиете смеса која може да се мачка на леб.
Понекогаш можете поради промена во паштетата да измешате и неколку тврдо сварени јајца (белки- ако моментално следите програма за симнување на масти).
Ова е секако само мал број (проверени) можности во кои можете да правите комбинации во припремањето на туната, сигурно и сами би можеле да смислите некои рецепти.
Пазете на количината на различни намирници кои ги комбинирате и нивната калориска- протеинска вредност, за да знаете што и колку јадете.