Дали хидролизираниот протеин е подобар од протеинот од сурутка?

Од сите хранливи материи so кои се храни телото, протеинот е можеби најпосакуван за луѓето кои вежбаат.
Сите слушаме постојано за нив: колку, како често, кој вид…
Можеби знаете нешто во врска со протеинот од сурутка, но не знаете ништо за хидролизираниот протеин, кој се добива со хидролиза, или пред-варењето, недопрен протеини во мешавина од амино киселини и помали протеини.
Некои фабрики кои прават протеински додатоци тврдат дека “пред варењето на храната” ја зголемува биорасположливоста со што се зголемува синтезата на мускулните протеини.
Поради нивната наводна моќ, хидролизираниот протеин може да чини од 30% до 200% повеќе од нивните конвенционални протеини.
Но дали хидролизираниот протеин е вреден за екстрапари? Истражувањата покажуваат не е!
Колку брзо хидролизираниот протеин се вари во организмот?
Протеинот од сурутка е “брз” протеини, се вари и апсорбира брзо и неговите амино киселини брзо се доставуваат во крвта, односно во мускулите – што е докажано често со текот на времето, последниот доказ го правеше Бурд и колегите:
Во суштина, ова истражување покажа дека есенцијални амино киселини стануваат повеќе кога едно лице конзумира протеин од сурутка (“брз” протеин) од казеин (“бавен” протеин).
Оваа повисока концентрација на аминокиселини е поврзана со поголема протеинска синтеза за време на одморот (FED) и по вежбање (EX-FED).
Ова е една од причините зошто земање протеини пред вежбањето може да биде подобро од земање по “скокот” во аминокиселини ќе се случи кога протокот на крв во мускулите прави максимум, со што се насочуваат материјал каде што се најпотребни.
Дали хидролизираниот протеин се вари побрзо од протеинот од сурутка?
Делувањето на протеините не се должи само на биорасположивост, што е важно за тоа дали да земете хидролизиран протеин или не.
Копман и колегите покажуваат дека нивото на амино киселини е многу повисока кај “побрзите” протеини, разликата меѓу “пред-дигестивниот” протеин (хидролизираниот) и чистиот протеин е занемарлива.
Значи самото постоење на “брзиот” протеин не е доволно.
Кога ќе се спореди хидролизираниот веј (сурутка) со казеин, Танг и колегите докажале нешто многу важно за разликата меѓу овие два протеини:
Споредете ги овие разлики со истражувањето на Пенингс и колегите:
Овие истражувања покажуваат дека хидролизираниот веј (сурутка) е за два пати подобар од казеинот.
Ова е и разликата помеѓу хидролизираниот веј (сурутка) и казеинот. Значи пред дигестијата хидролизираниот протеин не е подобар од чистиот веј (сурутка).
Дали хидролизираниот протеин е супериорен над интактен (чист) протеин?
Одговорот што го најдовме во оваа студија е не! Коперман и Пенингс укажуваат на тоа дека е хидролизираниот казеин прави “брзи” протеини, но не ја зголемува способноста да се стимулира синтезата на протеини.
Истражувањата на Танг и Пенингс покажуваат дека протеинот од сурутка е два пати подобар од казеинот, без оглед на тоа дали е хидролизиран или не.
Дали има нешто магично во протеините од сурутка? Податоците велат дека има. Со други зборови, тој е подобар отколку чистите протеини, за “бавните” протеини, и хидролизираниот “брз” протеин.
Чистиот протеин од сурутка е “брз” протеин, па колку може да биде хидролизираниот протеин брз? Не премногу.
Дали треба да се трошат повеќе пари на протеини “пред варењето на храната”?
Заклучок во однос на хидролизираните протеини: Не верувајте во целата бучава околу тоа – сурутка не е детронизиран.