Декстрозата и вашиот тренинг

Декстроза (позната како гликоза) е вид на едноставен тип на јаглени хидрати со многу висок гликемиски индекс (ГИ) и многу брза апсорпција, затоа бодибилдерите и другите спортисти непосредно после тренинг ја користат како PWМ, бидејќи го крева инсулинот (а тој ги носи аминокиселини во мускулите клетки), како и за замена на гликоген во мускулите клетки кои се троши во текот на тренингот.
Декстрозата има висок ГИ поточно 137 а corn flakes 119. Зошто ги споменуваме овие бројки и гликемиски индекс?!
Гликемискиот индекс ја мери стапката на брзината со која јаглехидрати влегуваат во крвотокот. Колку е повисок гликемискиот индекс на јаглехидрати, толку повеќе и побрзо се апсорбираат.
Кога и во кои количини да внесуваме декстроза?
Во повеќето случаи, земајќи јаглехидрати со висок ГИ е лоша идеја. Јаглехидратите со висок ГИ во еден момент му даваат премногу енергија на нашето тело.
Ако на телото не му треба таа енергија, таа ќе се таложи во форма на масти.
Сепак бодибилдерите и спортистите можат да остварат бенефити од конзумирање на декстроза веднаш после тренинг, земајќи ја како PWM (Post Workout Meal – оброкот после тренинг) кое е решение на веј протеин и декстроза.
Студиите покажале дека оптималната количина на декстроза за да се подигне инсулинот е помеѓу 50 и 75 грама.
Иако количината зависи од интензитетот на тренингот и мускулна маса што ја имате.
Инсулинот скок предизвикан со внесување на декстроза ќе ги однесе протеините и другите хранливи материи во мускулните клетки многу брзо а тоа е она што ни треба.
За оние кои не вежбаат или не се спортисти, декстрозата е обично без корист и не треба да ја користат како извор на енергија и слично.
Се разбира и по ЛИ кардио активности нема потреба веднаш во вашиот шејкер да мешате сурутка и декстроза, подобро би било да изедете оброк богат со протеини и јаглехидрати.
Нетолеранција на декстроза
Можно е кај некои луѓе да се ефектира во форма на мрсна кожа и акни.
Замена за декстроза во форма на храна во време на PWM?!
Како прв избор може да послужи суво грозје или се што има висок ГИ, како бел леб со мармалад, корнфлекс…
Фруктоза или овошен шеќер, иако е прост шеќер, не е добар избор гликозата така што на неа не може да се потпрете. Фруктозата многу поспоро доаѓа во цревата од гликозата .
Ако гликогенските резерви во мускулите се полни а внесувате фруктоза, во кој случај може да се претвори во масти.