Депресија, несоница и анксиозни состојби

Депресија
Депресијата е ментална состојба која се карактеризира со долготрајни чувство на потиштеност, тага, безнадежност, песимизам, обесхрабрувањето и општа состојба на длабока празнина.
Обично настанува (иако не е правило) кај оние луѓе кои имаат некое време напади на паника или пролонгирана анксиозност.
Депресијата не е иста што и една минлива тага што едно лице може да го опфати од време на време. Минливата тага е нормална работа кај сите луѓе.
Еден од главните симптоми е недостаток на животна радост или барем намалување на задоволството во многу активности во однос на периодот пред болеста.
Покрај тоа лицето кое боледува од оваа болест е летаргично, има проблеми со спиењето, обично како несоница и рано будење или кај младите луѓе и зголемена потреба за спиење, недостаток на концентрација, раздразливост, замор, недостаток на сексуална желба, чувство на очај, чувство на безнадежност, страв од смртта, самоубиствени мисли или страв од самоубиство, промени во апетитот, тешкотии во донесувањето одлуки, постојани физички проблеми како главоболки, пропаѓање, отсутност, хронична болка ..
Анскиозност
Анксиозност е состојба која се карактеризира со чувство на внатрешен немир, плашливост, страв дека нешто страшно ќе се случи, со психомотора напнатост и внатрешен немир.
Лицето често има чувство дека ќе експлодира, дека ќе ја изгуби контролата над себе, дека ќе се случи со неа/него нешто “страшно”.
Анксиозноста не е врзана за одреден објект или личност. Анксиозната личност е постојано во состојба на “подготвеност”, постојано внимава на се и сешто, мислејќи дека и се спрема некаква опасност.
Кај ваквите луѓе автономниот нервен систем се активира полесно од кај другите луѓе, па често се случуваат симптоми како што се брзо чукање на срцето, потење, недостаток на воздух …
Вознемиреност и напади на паника се резултат на акумулиран стрес во животот на поединецот.
Затоа важно е за време на работа насебе, најважната ставка е избегнување на стресни ситуации.
Несоница
Експертите за несоница често ја дефинираат по Правило 30: Ако ви требаат 30 минути или повеќе да заспиете или сте будни 30 минути или повеќе во текот на ноќта, најмалку три пати неделно, тоа е несоница.
Недостатокот на сон го уништува здравјето на луѓето, и сите кои страдаат од несоница знаат колку е лош квалитетот на животот кога сте неспиени.
Повеќе од половина од луѓето во светот страдаат од несоница, една третина од овој број се жени. Хронична несоница води до раздразливост, главоболка, мускулни болки.
Слаба концентрација и ментална благосостојба, намалена способност да се бориме со проблемите и да ги решаваме, ја намалува виталноста на организмот.
Лекувањето на несоница може да ја спречи првата епизода на депресија, или барем тоа дека депресијата нема да стане хронична. Природни-лекови: дива жалфија, рузмарин, морско оревче …